Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Вкупниот промет во индустријата во ноември лани намален за 0,7 проценти на годишно ниво

Прометот во индустријата вкупно е намален за 0,7 проценти во ноември 2025…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прометот во индустријата вкупно е намален за 0,7 проценти во ноември 2025 година во однос на ноември 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најголемо влијание врз опаѓањето на вкупниот промет во индустријата во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, имаат одделите: производство на електрична опрема со 10,4 проценти,  производство на метали со 16,9 проценти и производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, со 4,9 проценти. 

Според главните индустриски групи, опаѓање е регистрирано кај интермедијарни производи, освен енергија, за 5,6 проценти, и кај трајни производи за широка потрошувачка за 9,1 проценти, а пораст кај капитални производи за 1,1 процент и нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,2 проценти. 

Реклама

Прометот во индустријата вкупно во ноември 2025 година, во однос на октомври 2025 година, бележи опаѓање од 6,1 проценти, а во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на периодот јануари – ноември 2024 година, бележи пораст од 5,2 проценти.

На домашниот пазар во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, има опаѓање од 4,5 проценти, а во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на периодот јануари – ноември 2024 година, од 0,1 проценти. На странските пазари, пак, во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, има пораст од 0,3 проценти, а во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на периодот јануари – ноември 2024 година, пораст од 6,4 проценти.