Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Висок водостој на реките и езерата – надлежните ја следат состојбата

Водостоите на поголем дел од реките во земјава бележат намалување во споредба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Водостоите на поголем дел од реките во земјава бележат намалување во споредба со вчерашните мерења, покажуваат најновите податоци на Управата за хидрометеоролошки работи.

Минимално зголемување е регистрирано кај неколку реки. Нивото на Треска кај Македонски Брод е повисоко за три сантиметри, Пчиња кај Пелинце и кај Катлановска Бања бележи пораст од четири, односно два сантиметра, додека Струмица кај Коњарево е повисока за три сантиметри.

Најизразено зголемување е измерено кај Струмица на мерното место Сушево, каде водостојот е повисок за 24 сантиметри во однос на вчера. Пораст од 20 сантиметри е регистриран кај Црна Река, а за 18 сантиметри е зголемено нивото на Брегалница кај Штип.

Реклама

Од УХМР информираат дека водостоите на трите природни езера во земјава остануваат непроменети и се на исто ниво како и претходниот ден.