- „Јас сум веќе 27 години припадник на Специјалната антитерористичка единица Тигар. Работењето во единицата претставува огромна чест, затоа што им служиме на граѓаните на Македонија се со цел зачувување на уставниот поредок и безбедноста на сите граѓани“ вели за Алфа припадник на САЕ Тигар.
Најподготвени, најборбени, најжестоки, најпожртвувани, чувари на уставниот поредок и безбедноста на државата. Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при МВР веќе 44 години му служи на македонскиот народ. Припадник на единицата, за Алфа открива дека веќе 27 години е дел од оваа елитна единица на полицијата и горд е што му служи на македонскиот народ.
- „Во единицата пристапив бидејќи го сакам тимскиот дух, а притоа давајќи пожртвуваност и употреба на различна опрема која е специфична и многу малку луѓе од областа на безбедноста ја користат и таа претставува предизвик за нас, користејќи ја за успешност во работните задачи“ вели за Алфа припадник на САЕ Тигар.
Од одделение на милиција за специјални работи во 1981 година со 11 припадници, до една од најелитните единици за антитероризам во Европа и „најударна игла“ на полицијата во земјава.
- „Единицата и во нашата држава е формирана 1981 година како одделение за извршување на специјални задачи, понатаму со осамостојувањето на државата, се преименува во единица за специјални задачи, се транформира со текот низ годините, па така во 2021 година прераснува во САЕ Тигар со акцент со решавање на сложени безбедносни задачи односно антитерористички операции“ објаснува припадник САЕ Тигар за Алфа.
Единицата „Тигар“ претставува синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и насилниот криминал. Со посебна обука и програма, напорни тренинзи и исклучителна ментална и физичка подготвеност, ги спроведуваат најтешките и најсложени операции на македонската полиција. Не изостанува ниту соработка со странски единиции. Имаат тимови за алпинизам, нуркање, снајпери..

- „Има своја програма за обучување и кондиционирање, но исто така соработува и со странски сродни воени полицски единици од регионот и пошироко. Соработката пред се е во делот на искуството но и за нови знаења. -Има ли интерес кај младите за да бидат дел од оваа елитна македонска единица? Во поранешниот период имаше поголем интерес кај младите за разлика од денес, интересот е намален. Веројатно тоа се должи на можностите кои се отворија со текот на годините во нашата држава, па имаат можност младите за повеќе работи. Понекогаш доаѓаат млади луѓе кои не се свесни за предизвиците кои ги чекаат тука, но генерално намелен е интересот“ вели за Алфа припадник на САЕ Тигар.
„Сите даваме по нешто, некои дадоа се“ – вака припадниците на „Тигар“ секогаш се сеќаваат на колегите кои го дале животот за одбрана на уставниот поредок.
