Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

ВИДЕО: Со шлепер, 10 камиони и комбиња се запленува над 20 тони марихуана

По два дена од акцијата во комбинат ОХИС во Скопје, утрово од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По два дена од акцијата во комбинат ОХИС во Скопје, утрово од локацијата во струмичкото село Сушица се запленува над 20 тони марихуана. Во кругот на фирмата „ЦБД Медплант“ ДООЕЛ пристигнаа еден шлепер, 10-тина помали камиони, четири комбиња, осум патнички возила на МВР и Царина. Заплената почна околу 10 часот и се уште трае. Неофицијално од фирмата ќе се запленат над 20-тина тони марихуана. Објектот е под надзор на полицијата од пред неколку дена откако почна оваа акција на Министерството за внатрешни работи.

ВИДЕО

Овој пат станува збор за поголема ззаплена, бидејќи прво на локацијата пристигна шлепер, што дополнително укажува на обемот и логистиката на криминалната операција. Според наши информации, токму „ЦБД Медплант“ претставува вториот клучен крак на истрагата што ја водат Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Реклама

„ЦБД Медплант“ според она што може да се забележи и на влезот е регистрирана на адреса с. Борисово 3 во струмичко Ново Село, како фирма за „канабис за медицинска намена – производство и трговија“. Како формален сопственик на компанијата во документацијата се јавува Христијан Котев, но според информации од терен, реалната контрола над фирмата ја има неговиот татко, Тони Котев, со прекар М`гчев.

Тони Коцев е поранешен председател на огранокот на СДСМ во Ново Село и има многу бизнис релации со Вице Заев, брат на поранешниот премиер, Зоран Заев.

Деталите од акцијата институциите не откриваат бидејќи уште се работи на терен. За сега нема официјални информации за сторени кривични дела, ниту за евентуално осомничени лица.

Претходно, од кругот на поранешниот хемиски комбинат ОХИС во Скопје, каде што е регистрирано седиштето на компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“, беа изнесени околу десетина тони марихуана.

Акцијата следува по настаните од пред неколку дена во Србија, каде што беа пронајдени и одземени пет тони марихуана, за кои српските власти соопштија дека биле прошверцувани од Македонија и биле наменети за српскиот пазар.

https://alfa.mk/se-tresat-povrzani-so-proizvodstvo-na-opo%d1%98na-droga-golema-policziska-akczi%d1%98a-vo-skop%d1%98e-i-strumicza-po-zaplenata-na-pet-toni-marihuana-vo-srbi%d1%98a/