Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Економија

Вицепремиерот Николоски во посета на САД, средби во Светска банка и Стејт департментот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во наредните три дена ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во наредните три дена ќе престојува во САД,  каде ќе има средби во Светска банка и Стејт департментот и ќе се обрати и на главната пленарна сесија на годишниот форум „Transforming Transportation 2026″, заедно со еврокомесарот Апостолис Цицикостас.  

– Николоски ќе зборува на тема „Коридори за одржливо поврзување” каде што ќе се стави акцент на стратешките пан-европски коридори во Македонија како и инфраструктурните проекти што ги реализира Владата, со силен акцент на актуелната изградба на автопатски делници, како и планирата изградба на брза пруга на Коридорот 10 и железничкото поврзување со Бугарија на Коридорот 8, најави Министерството за транспорт. 

За време на настанот предвидени се и бројни средби со менаџментот на Светска банка каде што е планирано да се зборува за тековните и идни проекти што ги реализира Владата и Министерството за транспорт во партнерство со СБ.

Реклама

– Николоски ќе ја искористи посетата на САД и за средби со високи претставници во Стејт Департментот каде што ќе разговара за партнерството и економската соработка помеѓу Македонија и САД како стратешки партнер на државата. За време на посетата, Николоски ќе има и средби со претставници на Републиканската партија, се вели во соопштението.