Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Економија

Вицегувернерката Митреска на конференцијата на „Џ. П. Морган“ во Виена: За побрз и поодржлив раст се потребни повисока продуктивност, дигитализација и диверзификација на економијата

Вицегувернерката Ана Митреска учествуваше на конференцијата на „Џ. П. Морган“ во Виена, каде што говореше за економските изгледи на Македонија, инфлацијата, финансиската стабилност и предизвиците со кои се соочуваат малите и отворени економии во услови на зголемена светска неизвесност. Осврнувајќи се на економските движења, Митреска посочи дека домашната економија покажува значителна отпорност, и покрај серијата […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицегувернерката Ана Митреска учествуваше на конференцијата на „Џ. П. Морган“ во Виена, каде што говореше за економските изгледи на Македонија, инфлацијата, финансиската стабилност и предизвиците со кои се соочуваат малите и отворени економии во услови на зголемена светска неизвесност.

Осврнувајќи се на економските движења, Митреска посочи дека домашната економија покажува значителна отпорност, и покрај серијата светски шокови во изминатите години. Во последните пет години, економскиот раст изнесуваше 3,3%, во просек, што е блиску до проценетиот потенцијален раст од 3,5%. Истовремено, економијата го надмина претпандемичното ниво за околу 12%, а растот беше поддржан од личната потрошувачка, извозот и инвестициите во инфраструктурата.

Сепак, таа нагласи дека за одржување повисоки стапки на раст се потребни структурни реформи насочени кон продуктивноста, иновациите и дигиталната трансформација. „Продуктивноста во земјава и натаму е околу половина од просекот на Европската Унија, а дигитализацијата е на околу 70% од европското ниво. Затоа инвестициите во технологија, иновации и човечки капитал се клучни за забрзување на конвергенцијата кон ЕУ“, истакна Митреска.

Реклама

Таа посочи дека земјава има солидна основа за понатамошен дигитален развој. Според индексот за подготвеноста за вештачка интелигенција на ММФ, Северна Македонија е на 76 место од 174 земји и се наоѓа над светскиот просек. ИКТ-секторот бележи силен раст, а ИКТ-услугите учествуваат со околу 43% во вкупниот извоз на услуги. Воедно, уделот на дипломирани студенти во ИКТ-областите достигнува 7,9% од вкупниот број дипломирани студенти, што е меѓу највисоките стапки во регионот.

Во однос на надворешното окружување, Митреска нагласи дека македонската економија и натаму е силно интегрирана со Европската Унија, каде што се пласираат 76% од домашниот извоз, додека Германија учествува со околу 40% во вкупниот извоз. Оваа интеграција донесе значителни придобивки преку странските директни инвестиции, трансферот на технологии и повисоката додадена вредност во извозот, но истовремено ја нагласува потребата од понатамошна диверзификација на извозната структура и инвестициските текови.

Осврнувајќи се на инфлацијата, Митреска истакна дека и покрај новите геополитички ризици и притисоците врз цените на енергентите, централните банки денес се во подобра позиција отколку за време на енергетската криза во 2022 година. Таа нагласи дека кредибилитетот на монетарната политика и навремената реакција се од суштинско значење за спречување на прелевањето на привремените ценовни шокови во подолготрајни инфлациски притисоци.

„Искуството од последните неколку години покажа дека со соодветна комбинација на монетарни, макропрудентни и други политики може успешно да се зачуваат ценовната и финансиската стабилност, без притоа да се загрози економскиот раст. Но, за долгорочно повисок раст се неопходни и структурни реформи коишто ќе ги поттикнат продуктивноста, инвестициите и конкурентноста на економијата“, истакна Митреска.