Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Ветено, неостварено – Речиси нула реализација на владината програма

Македонија со економски бум, со развиена инфраструктура, квалитетно образование,  достапно здравство, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија со економски бум, со развиена инфраструктура, квалитетно образование,  достапно здравство, со силна поддршка за најранливите и најсиромашните категории на граѓани. Македонија налик на Шведска, вака изгледаше промовираната владина програма 2022-ра -2024-та. И дојде крајот на мандадот на владината гарнитура, а од ветената програма што требаше на граѓаните на Македонија да им овозможи шведски живот, има нула реализација.

Од ветувањето за забрзано градење на коридорите 8 и 10 и на останатите автопатишта, ништо. Европа е далеку, ама и Охрид остана долга дестинација за граѓаните. Залудно беше дел од владината програма, а уште помалку значи и тоа што премиерот даде ветување.

Ветено неостварено не е само со економијата и инфраструктурата. Ниту ветувањата од брда и долини за пензионерите не се исполнија, ниту граѓаните имаат повисок животен стандард. Пензионерите беа на улица со месеци за повисоки пензии, но попусто.

Реклама

Одговорно тврдиме дека ќе продолжи континуирана исплата на платите, пензиите и социјалната помош. Дополнително, тие ќе растат. Приватниот сектор и најпогодените дејности и области и понатаму ќе бидат финансиски поддржани.

Образованието требаше да ни биде дигитализирано и усовршено по европски терк, ама учениците цела година кубуреа со учебници па ги добија на последниот училишен час. Владата мислела и на возрасните без образование, но само мислела, а не направи никакви законски измени и реформи.

Во наредниот период, продолжуваме со подготовката на нов Закон за средно и средно стручно образование како и на нов Закон за младински стандард. Со иден фокус на нов Закон за образование на возрасни потврдуваме дека развојот на неформалното образование за возрасните останува приоритет за оваа Влада.

Здравствениот систем требаше да изгледа како во Луксембруг, барем по ветеното,но наместо тоа, здравството е во тотален колапс. Смртноста на новороденчињата не е намалена, ниту се изградени нови болници, ниту проширени дневни центри. Исто така владата со ништо не ги стимулираше докторите и медицински сестри да останат дома, наместо да си го бараат чарето во Европа. За медицинарите во Македонија освен огромна листа на ветени желби, нема ништо друго.

Главните ветувања беа борба против корупцијата и создавање правна држава. Нема извештај во државава во кој не се посочува дека корупцијата е најголем проблем, црната листа на САД само се проширува, сите алармираат, но никој не реагира.

Владата ќе се обрати до Европската комисија со барање да се обезбеди тим од независни експерти кои ќе извршат меѓународен мониторинг на процеси за кои постојат сомневања дека врз нив било извршено политичко влијание, како што се: Монструм, Алфа, Диво Насеље, Малиот Алмир и др.

72 страници полни со ветувања, од почист воздух, до полни џебови. Наместо тоа, две изгубени години за владата, и речиси убиена доверба кај граѓаните, кои ќе мора да почекаат некоја идна влада да го исполни, тоа што ќе им го вети во изборната програма.

.