Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите

На денешното рочиште за случајот „Онкологија“ вештакот Милан Ристески повторно сведочеше за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешното рочиште за случајот „Онкологија“ вештакот Милан Ристески повторно сведочеше за терапиите и протоколите на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, при што посочи на повеќе отстапувања во медицинската документација и изборот на терапии.

Тој истакна дека кај 12 пациенти била дадена терапија спротивно на индикациите и без никаква корист, а особено ги потенцира случаите во кои пациенти со рак на бубрег не добиле „пембролизумаб“, иако според индикациите требало.

– Направени се триесет и три илјади преписи на скапа терапија. Проверувани се сите. Методолошки. Она што е најдено како чудно и неправилно овде е изложено – истакна Ристески.

Реклама

Како и на минатото рочиште, тој сведочеше за терапиите и протоколите во Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, при што рече дека забележал отстапувања, особено во делот на недоволно документирани податоци за состојбата на пациентите и објаснувања за изборот на терапија.

Меѓу другото, тој појасни дека кај 12 пациенти терапијата била дадена спротивно на индикациите и без никаква корист и на штета на пациентите. Образложи и за лекувањето на еден од пациентите од крајот на 2019 година. 

– Има пациенти што требало да добијат „пембролизумаб“ а не добиле, особено во групата на пациенти со рак на бубрегот. Не може да се фаворизираат пациенти според индикацијата и достапноста на терапијата – истакна, меѓу другото, Ристески на рочиштето.

Одбраната имаше забелешки дека Ристески дава стручна оценка за одлуки донесени од лекари со значително подолго клиничко искуство од неговото, дека по помалку од една година од добивањето на лиценцата за вештак од областа на радиотерапијата и онкологијата, бил ангажиран како медицински експерт во овој предмет, иако не можело, оти бил и сведок.

Ристески негира дека ова е негов прв предмет по добивањето на лиценцата и истакна дека досега немало никаква забелешка за неговата работа. 

Случајот „Онкологија“ се води против поранешниот директор на Клиниката, Нино Васев, и уште тројца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката почна и против Мери Пешевска, која призна вина и доби условна казна затвор од две години. Обвинението ги товари лекарите за тешки дела против здравјето на луѓето, со неправилно применети терапии кај 29 пациенти. Судењето продолжува на 31 март.