Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Вештачката интелегенција стана дел од капањата за претседател на САД

Вештачката интелигенција веќе се појави на овие избори, како што беше случај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вештачката интелигенција веќе се појави на овие избори, како што беше случај на една компјутерски генерирана фотографија на која Доналд Трамп го гушка експертот за заразни болести д-р Ентони Фаучи, и лажен роботски повик на Џо Бајден кој им кажува на гласачите во Њу Хемпшир да ги прескокнат прелиминиарните избори.

Тајмингот на дипфејк за изборите е она што ги прави толку опасни, вели медиумската експертка Илејн Камарк од Институцијата Брукингс.

„Дури и 24 часа пред изборите, некој објавува дипфејк или некои дезинформации. Навистина е тешко да се возврати, а на тесни избори тоа би можело да направи разлика“, вели Камарк.

Реклама

Фирмата на Гупта „ДипМидија“ му помага на Пентагон да открие фалсификати за кои вели дека се популарни затоа што се евтини и лесни за производство.

„На крајот, потребни се околу 15 минути за да се создаде дипфејк. Има многу бесплатни услуги на интернет. Ако сакате да платите за некои од подобрите, аудиоклип од 30 секунди, е можеби два цента“, вели Ријул Гупта, извршен директор на ДипМидија.

Ова е адвокатот и активист за слобода на говор Ари Кон.

„Многу се зборува за Русија, но и Кина е особено таму, која се бори во трката за вештачка интелигенција за да се обиде да се придвижи напред“, вели Кон.

Кон вели дека најсофистицираните операции во странство имаат за цел да пласираат политичка дезинформација до влијателните Американци за тие да ги пренесат на други.

Најголемите американски технолошки фирми и платформи за социјални медиуми, ветија доброволно саморегулирање на вештачката интелигенција во политичките кампањи, но во моментов нема федерални закони кои ја регулираат практиката.

„Многу, многу е тешко да се регулира политичкиот говор во САД. Првиот амандман го штити политичкиот говор многу силно и со добра причина: не сакаме владата да се меша во изборите“, додава Кон.

Гупта вели дека голем дел од тој проблем лежи во разликувањето помеѓу нешто што е лажно и нешто што е карактеризација на прашање со кое некој можеби не се согласува.

Значи, како да знаеме кога нешто е политички дипфејк?

„Квалитетот на звукот е лош – тоа е навестување дека може да биде генериран со вештачка интелигенција. Можеби звучи некако глупаво или тривијално, но всушност само ги барате тие водни жигови и можете брзо да ги најдете во слики, аудио и видеото може повторно да филтрира многу. Значи, ако сте на видеоповик со некого и мислите дека е дипфејк, замолете го да свртат круг околу столот. Ако не го направат тоа, тогаш може да е дипфејк“, вели Гупта.

Кон вели дека вештачката интелигенција може да се користи за добри цели во политиката. Може да им овозможи на кандидатите да стигнат до заедниците на дијаспората на нивните јазици, а кампањите може да имаат подобар увид во однесувањето на гласачите за да можат подобро да ги приспособат своите пораки.

Јованчо Наумоски – Глас на Америка, Вашингтон