Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Вештачка интелигенција во образованието – алатките нудат многу можности за современа настава

Новите технологии отвораат можности, но истовремено носат и ризици. За наставниците во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новите технологии отвораат можности, но истовремено носат и ризици. За наставниците во образованието, вештачката интелегенција истовремено е предизвик, но и закана поради можностите за нејзина злоупотреба. Токму затоа министерството за образование преку разнии обуки и проекти ги едуцира наставниот кадар и учениците за правилно користење на вештачката интелегенција.

„Нашата цел како Влада и како МОН е да ја воведеме вештачката интелегенција во секојдневниот живот на учениците и наставниците,  но со исклучително внимателно со користење на етичките принципи затоа што секоја нова технологија има нови многу добри страни, но и носи предизвици“, изјави министерката за образование Весна Јаневска.

Наставниците и професорите стравуваат дека вештачката интелигенција може да замени одредени работни позиции, но истовремено се согласни дека се отвораат и нови можности, особено доколку образовниот систем се прилагоди навреме.

Реклама

„Можеби некои работни позиции ќе згаснат ќе бидат заменети од страна на вештачката интелегенција или машините претходно, меѓутоа клучната поента лежи во образованието, едукацијата и начинот на кои што ние треба да ја употребуваме технологијата“, изјави Сашо Коцески професорот на Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

„Наставниците  пред се мислам дека се сретнуваат со вештачката интелегенција како закана во образовниот процес поради можностите за нејзина злоупотреба. Ние преку нашата обука сакавме да ги предочиме сите предности кои што таа  ги нуди,  можностите за подобрување на наставниот материјал, наставниот процес, изработка на  интерактивни квизови интерактивни игри за учениците  прилагодено образование, адаптирана програма“, изјави Бранислав Геразов професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.

Младите треба да знаат како да ја користат вештачката интелегенција, зошто таа може да им помогне во процесот на образование. Но клучно е да не ја злоупотребуваат за да можат да напредуваат. Успесите се загарантирани ако се вложи сопствен труд. Таков е примерот со малиот Македон Димитровски од Тетово кој и донесе злато на Македонија на германската математичка олимпијада.

Имаше најголема конкуренција досега што сум ја имал, на почетокот 110000 ученици, а на финалето помалку, околу 1000. Јас сум многу задоволен од учеството. Јас добив две медали: еден за натпреварот „Математички предизвик“ и оваа медала што е за прво место – лауреат, уште повисока награда од злато, дадена само на најдобрите“, изјави Македон Димитровски.

Инаку Владата направи неколку законски измени со кои талентиран основец може да се натпреварува на државен или меѓународен натпревар или олимпијада за средношколци и доколку победи, МОН му исплаќа финансиска награда. Стипендиите се движат од 3000 денари, па се до 5 просечни плати, во зависност од освоената награда. Порано ваквата можност ја немаше, но имаше случај кога основец се натпреварува со средношколци и победува, но поради возраста бил дисквалификуван.