Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Вештачењето во Србија ги потврди сомнежите за несоодветно лекување пациенти на Онкологија

После година и неколку месеци, се гледа крајот на истрагата за скандалот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После година и неколку месеци, се гледа крајот на истрагата за скандалот на Онкологија. До крајот на јануари истражната постапка ќе заврши и ќе има обвинение – вели државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Обезбедени се две вештачења од Србија и Словенија.Во 16 медицински истории на болни со канцер кои се вештачеле во Србија е потврдено дека пацинетите не биле соодветно лекувани. А месецов се очекуваат и резултатите од словенечките вештаци.

“Веќе го гледам крајот на истажната постапка за Онкологија.Резултатите од вештачењето во Србија се готови. Тие покажуваат дека потврдено е за 16 медицински истории дека пацинетите не биле соодветно лекувани.Во Словенија се испратени 51 историja на пациенти но резултатите од ова вештачење не се готови.Ова покажува дека сомнежите за несоодветно лекување на Клиниката за Онкологија се потврдени.Се очекува до 31 јануари завршува истрагата и ќе има обвинение.Дополнително се истражува и кражба на цитостатици” – информираше на брифингот јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

Истрагата се уште бара докази кој се богател на грбот на најтешко болните и препродавал терапија?

Реклама

Во септември 2023 година изби најголемиот скандал во историјата на македонското здравство. Каде се препродавала скапата биолошка терапија на црно со сеседни земји. Во овој “мега” скандал на распит беа доктори, медицински сестри и директори на клиниката, и пацинети.

Во Собранието беше формирана и Анкетната Комисија каде се бараше отчет и од поранешните министри за здравство.Заклучокот на пратениците од ВМРО ДПМНЕ беше политичката одговорност да носат поранешниот министер за здравство Венко Филипче, поранешните директори на клиниката Нино Васев и Нехат Нухи, на Фондот за здравство Стево Крстевски и Фатон Ахмети и поранешната директорка на здравствениот инспекторат, Ирина Бухов. Ова за СДСМ беше неприфатливо.