Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Верските лидери повикаа на соживот: Бог ни дал да живеме во една, заедничка држава

Македонските граѓани да не потклекнуваат пред некои обиди за нарушување на соживотот,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските граѓани да не потклекнуваат пред некои обиди за нарушување на соживотот, повикаа верските лидери во Македонија. Ова доаѓа по последните случувања со сквернавењето и палењето на македонското знаме на прославата на денот на албанското знаме, инциденти за кој постои сомнеж дека се организирани од одредени политички центри.

-Ние поглаварите на Македонската православна црвка- Охридска архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црвка, Евангелско методистичката црква и Еврејската заедница, ги повикуваме сите македонски граѓани да не потклекнат пред некои обиди за нарушување на соживотот, туку заедно да продолжиме да ја продлабочуваме меѓусебната солидарност и да ја запазуваме почитта едни кон други кон државните симболи на нашата татковина и кон симболите на сите етнички заедници во неа, стои во повикот кој го прочита протоѓаконот во МПЦ, Драган Иванов.

Со повикот верските лидери порачаа дека е големо богатство што сите граѓани, без разлика на нација и вера живееме во една држава.

Реклама

-Живеењето во мултикултурно општество е голема благодет. Средбата на разнообразни култури носи можност за облагородѕвање на духот на човек и за зголемување на креативноста на целото општество. Бог ни дал да живеме во една, заедничка држава, стои во повикот. 

На повикот за соживот се потпишаа поглаварот на МПЦ господин господин Стефан, Реисот Шаќир Фетафу, Бискупот Киро Стојанов од Католичката црвка, Марјан Димов од Евагнелистичко методистичката црвка и Пепо Леви, претседателот на Еврејската заедница. Ова доаѓа откако пред неколку дена беше сквернавено државното знаме на Македонија.

Премиерот Христија Мицкоски кажа дека вакви случувања биле очекувани, дека слични обиди ќе има и во иднина, но дека Владата жестоко ќе одговори на сите провокации и обиди за дестабилизација.

Инцидентите ги осудија сите политички партии. ВМРО-ДПМНЕ прстот го впери во СДСМ и ДУИ. Ги обвинија дека глумат загриженост, а истовремено подбуцнуваат групи да дивеат и да внесуваат раздор. Интегративците и социјалдемократите со спротивставени ставови – ДУИ тврди дека полицијата ги испровоцирала хулиганите да го запалат знамето зошто неоправдано интервенирала, а СДСМ тврди дека МВР не направило доволно. Коалицијата ВРЕДИ порача граѓаните да не дозволат да бидат инструментализирани од оние кои по губењето на власта го изгубиле и сопствениот пат.

Матеја Петровски