Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Верифицирани мандатите на струшките советници, претседател ќе се избира кога ќе се создадат услови

Советот на Општина Струга денеска ги верификуваше мандатите на советниците, а изборот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Општина Струга денеска ги верификуваше мандатите на советниците, а изборот на претседател беше одложен поради немање мнозинство.

Новиот состав на Советот на Општина Струга брои 23 советници од кои осум од коалицијата НАИ, шест од ВМРО – ДПМНЕ, четворица од ВРЕДИ, тројца од независна листа и по еден од СДСМ и Левица.

За верификацијата на мандатите на тројца од 23-те советници, кои пречкртале дел од свечената изјава, се чека одлука од Инспекторатот за локална самоуправа.

Реклама

Новоизбраните советници се обврзаа на совесно вршење на правата и обврските во Советот и на почитување на Уставот и законите.

Советниците од коалицијата НАИ ја напуштија седницата, по одлуката точката за избор на претседател да биде повлечена.

Советникот Мите Стефоски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека кога ќе се создадат услови за мнозинство и за избор на претседател тоа ќе се изврши.

-Денеска само се одложи изборот на претседател на Советот, но продолжува изборот на телата, истакна Стефоски, посочувајќи дека разговорите околу коалицирање се водат на повисоко ниво и оти одлуката ќе биде соопштена кога ќе има конечен договор.

Советникот Димче Шипинкаровски од СДСМ кажа дека до него никој не доставил понуда за коалицирање. Тој смета дека оние што претендираат мнозинство треба да достават соодветна програма заснована врз принципи на јасни договори за од натамошното функционирање да имаат бенефит граѓаните.

-Во овој момент до мене нема никаква понуда и не знам дали воопшто некој има таква понуда изготвено за да ја добие поддршката, рече Шипинкаровски.

Градоначалникот Менди Ќура во обраќањето пред советниците кажа дека ќе биде градоначалник на сите и побара соработка од сите за доброто на Струга.

-Без оглед од која страна доаѓате отворен сум да разговаравме, да соработуваме за проекти кои ќе бидат за доброто на граѓаните на Струга. Јас сум за промена на Струга, но промената не можам сам да ја направам сам, ќе ја направам со сите вас.