Венко Филипче си ги промени кадрите во врвот на СДСМ, побара сите од раководството кое тој го предводеше до голем пораз на локалните избори, да се повлечат. Тие го послушаа, тој си донесе нови. Но очигледно, наместо обединување, доби уште поголемо незадоволство внатре во партијата. Слух за критики на Бихаќка нема, оние поранешни видни партиски ликови, кои ги кажуваат своите ставови, секојдневно се мета на лични пресметки преку партиски соопштенија и прес конфренции. За еден е иницирано и исклучување од партијата.
За Филипче оние кои критикуваат за делувањето на СДСМ, биле луѓе кои одработувале за други политички центри, со цел дополнително да ја ослабат партијата.
-Наши поранешни функционери, еден поранешен фунцкионер, други двајца претходно, едниот што не се појавил во јавноста не знам од кога со години, некои луѓе кои што не се веќе во партијата, туку заминале во предавничката ЗНАМ и сега наеднаш излегуваат и се гласни. Што е суштината, раслојување на опозицијата, слабеење од внатре, изјави Филипче.

Ден по оваа изјава на Филипче, СДМ побара исклучување на поранешниот директор на ФИТР Јован Деспотовски, кој му беше противкандидат на актуелниот претседател на партијата за нов лидер. Го обвинуваат дека од лични и финансиски интереси, ја уривал партијата одвнатре.
-Ако таа умереност сега станува закана за актуелниот партиски врв тогаш СДСМ има многу поголем проблем отколку што и мислиме. СДСМ имала и ќе има многу поголеми личности од актуелниот претседател. И, никој од нив никогаш не се ставил над партијата, над нашето семејство. Тоа не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде. Една лична порака за крај или за почеток – Венко, со една одлука не можеш, ниту ќе дозволам да избришеш 30 години работа, љубов и жртва, напиша Деспотовски.
Дека одработувал за други политички центри Филепче директно го обвини поранешниот градоналник на Скопје, Петре Шилегов, откако тој побара оставки од партиските челници.
-Македонското законодавство познава убиство од небрежност. Познава и убиство со умисла, но не познава само убиство со умисла. Или тешка ви е одговорноста? Или ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош. Прашањата ќе ги поставиме после празниците, напиша Шилегов.
На партиската пр служба не и се допаѓаа ниту критиките од уште еден поранешен градоначалник, оној на Центар Саша Богдановиќ. Велат дека за пари ги продал партијата и бил одработувач на Александар Вучиќ во Македонија. Богдановиќ одговори дека ваквите пораки наликуваат како да се од лични профили на некои србофобни коалицони портали, кои својата својата политика кариера ја градат со србофобија, а се длабоко навлезени во СДСМ.
-Очигледно некој треба да му го одземе пристапот од Фејсукуб страната и веб страната на СДСМ и на тој што ги пишува соопштенијата затоа што ако има лични фрустрации од некого не треба да ја користи партијата за свои пресметки. Моите укажувања се и лични до многу другари кои ги знам таму и истиот став го делат многу поранешни подржувачи на СДСМ. Ако сфатите сфатите ако не, запамтете дека омразата води кон самоуништување, изјави Богдановиќ.
Критики за работата на СДСМ редовно стигнуваат и од многу други поранешни партиски функционери, еден од последните е и Мирослав Шиповиќ, претседател на Советот на Општиона Центар, во периодот кога градоначалник беше Андреј Жерновски. Тој вели дека длабоко потресен од сениерскиот тим во органите на партијата, сите биле загубар до загубар. Пишува дека еден нема што чесно работел за партија и има чесни намери, а барем половина имале бенефит додека СДСМ била власт, сега само ги интересирало да се обидат да станат пратеници следните парламентарни избори.
Матеја Петровски
