Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Велковски: Асистивната технологија е клучен инструмент за еднакво учество на лицата со попреченост во општеството

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски денеска присуствуваше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски денеска присуствуваше на настан насловен:  „Застапување за дигитална инклузија“ во организација на ЗЕТА – Здружение за попреченост и правда  и Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“.  Истиот се организира како дел од проект поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас, се вели во соопштението од Министерството.

Настанот ги обедини претставниците на институциите, организациите на лицата со попреченост, граѓанските организации и експертската јавност со цел да се отвори дискусија за предизвиците и можностите за подобрување на системот за обезбедување и примена на асистивната технологија, како и за унапредување на дигиталната инклузија.

Во своето обраќање, заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, ја истакна важноста на асистивната технологија како клучен инструмент за еднакво учество на лицата со попреченост во општеството.

Реклама

„Во современото општество, асистивната технологија повеќе не е само техничко решение. Таа претставува моќна алатка за учество, за еднакви можности и за независен живот. Таа им овозможува на лицата со попреченост да се движат, да комуницираат, да учат, да работат и активно да учествуваат во заедницата на еднаква основа со сите други“, истакна Велковски.

Тој додаде дека обезбедувањето на соодветни асистивни технологии во образовниот систем, вклучително и во предучилишното образование, е значаен чекор кон создавање инклузивна средина во која секое дете ќе има можност да го развие својот потенцијал.

Во рамки на настанот се одржаа и тематски дискусии и работилници посветени на институционалните предизвици и можните решенија за подобрување на системот за асистивна технологија. Учесниците имаа можност активно да придонесат во креирање конкретни препораки кои ќе бидат доставени до надлежните институции.

Целта на проектот „Застапување за дигитална инклузија“ е да придонесе кон унапредување на човековите права на лицата со попреченост преку системско застапување, зајакнување на капацитетите на организациите и подобрување на институционалните политики во согласност со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.