Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Прилози

Велигденска трпеза, зачинета со нафтена криза: цените по пазарите „традиционално“ пред празниците „рипаат“

Поскапувања по пазарите и маркетите на основните производи има, но не толку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поскапувања по пазарите и маркетите на основните производи има, но не толку поради нафтената криза, колку поради приближувањето на големиот празник Велигден. Наместо потготовка со празничен дух, граѓаните повторно прават пресметки колку можат да си дозволат за на празничната трпеза. Предпразнично, како и секоја година, цените се покачени. Главно станува збор за производите кои најмногу се користат за овој празник – јајцата, јагнешкото месо, овошјето и зеленчукот. Граѓаните сметаат дека ваквата состојба е последица на престојниот празник Велигден, но не го исклучуваат и скокот во цените на горивата. Тие велат дека ќе мора да кратат од намирниците, но сепак нема да се откажат од традиционалната Велигденска трпеза.

„Покачени се цените, јајца, зејтин. Прво дериватите покачени што се, тоа повлекува се бидејќи ние сме зависна увозна земја. Секоја година и оваа пред Велигден се покачуваат цените. Ќе си ја дозволиме трпезата но не како порано, ќе мора да кратиме.“- велат граѓаните.

Цените на намирниците се разликуваат од маркет до маркет. Табла јајца сега може да се набави по цена од 280 до 310 денари, а маслото може да се најде од 90 до 110 денари. Килограм јагнешко може да се најде за 650 денари, а телешкото чини околу 1050 денари. Свежото свинско и пилешко вообичаено се поефтини. Пример свинска плешка чини околу 390 денари, а ребрата може да се најдат и по 370 денари. Свинскиот бут може да се најде по цена од 420 денари. Пилешкото филе чини од 340 денари па нагоре во зависност од маркетот во кој пазарите.

Реклама

Краставиците по пазарите се нудат по цена од 80 до 120 денари. Младиот кромид се продава по 50 денари за три парчиња.

Надлежните најавуваат дека ќе ја следат состојбата и ќе реагираат доколку има неоправдано зголемување на цените, а очекуваат од бизнис секторот да бидат фер во пресрет на празниците со цел да се заштити стандардот на граѓаните.