Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Велешани од сите генерации го проследија музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“

Во преполниот парк со публика од сите генерации во Велес синоќа се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во преполниот парк со публика од сите генерации во Велес синоќа се одржа големиот  музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, посветен на 35 години независност на Македонија.

Настапија околу 80 уметници од забавната и народната музика со познати евергрини, а  преку музика, поезија, глума и танц пред  многубројната публика која им ракоплескаше и пееше во рефрен со нив. Уметниците како ѕвезди од бината ги поведоа присутните  низ приказната за убавините на Македонија – низ нејзините подеми и предизвици, минато и сегашност, потсетувајќи на сето она што нè обединува и на она што со гордост го нарекуваме свое, потенцираат денеска од Општина Велес.

Од Општина Велес кои беа одлични домаќини на големиот караван на познати музичари и ѕвезди од естрадата, денеска оценуваат  дека синоќа беше ноќ за паметење  кога  илјадници гласови, погледи и емоции  се споија во едно, зборовите станаа премалку, кога имаме емоции  со љубов за нашата  Македонија.

Реклама

Воедно потенцираат  дека кај присутните се чувствуваше гордост и  емоции што се живее и достоинство со кое се слави нашата  Македонија..

Од  бината уметниците ни  порачаа секое место на светот  е убаво, но за нас Македонците има само еден дом ,тоа се  нашите  родните огништа каде не чека нашата една мила Македонија. Воедно од свечената бина  организаторите и присутните  испратија и голем  поздрав до сите наши Македонци каде и да се’ во светот.

Присутните со големи емоции изјавија дека спектаклот навистина бил величествен и уживале.во изведбата на уметниците.

Мира Петрова, која присуствуваше на концертот вели дека е среќна што и Велес е дел од овој голем спектакл за 35 години независност на Македонија и дека цело време со своите пријателки  уживале и пееле заедно со македонските ѕвезди од естрадата.

На видео бим беа пуштени и песни со Тоше Проески и Владо Јаневски, а публиката пееше и плачеше со насталгија што  ги нема нивните  омилени идоли.