Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Вечерта пред грабнувањето: Александар им пратил порака на ќерките следниот ден потопло да се облечат – Обвинителката праша дали сакал да ги спреми за на планина или училиште

Ѓорчевски повтори дека лично не ги познава обвинетите, ниту Љупчо Палевски, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ѓорчевски повтори дека лично не ги познава обвинетите, ниту Љупчо Палевски, но дека знаел за кого се работи. Во соседството го знаеле како Упа, но тој го немал видено тогаш и не знаел како изгледа.

Обвинителката го праша од која дрога бил зависен во периодот од 1993 до 1995 година.

-Да, кажав, бев зависник. Неспорно тоа го знаеја сите мои колеги, пријатели. Супстанцата беше хероин. Ја користев назално, не со шприцеви. Не сум бил екстремен зависник, одговори таткото на Вања.

Реклама

Александар рече дека Зорица имала вродена срцева мана и поради тоа уште од самиот почеток поголемиот дел од обврските кон децата свесно ги презел тој.

– За да ѝ олесниме на Зорица, во еден момент целосно дадов отказ, тогаш бев вработен во Кометал. Претпоставував дека тоа ќе биде за краток период, додека да се стабилизираме, но набрзо се роди Миња. Обврските се дуплираа и се пролонгираше периодот во кој бев невработен, околу 7 години, од 2010 до 2017 година, рече Ѓорчевски.

Тој рече дека децата оделе само прва смена во училиште и двете учеле во истото основно училиште. На прашање на обвинителката истакна дека го знаел нивниот распоред на часови, бидејќи сакал да има увид во тоа, во секој момент да знае каде се и на кој час.

Александар одговори потврдно на прашањето дека според многуте искази во судницата, на 24.11.2023 бил направен обидот за грабнување на Вања. По исклучок, на 27.11.2023 Вања требала да оди сама на првиот училишен час поради отсуство на наставник.

– Не знам што знаеле другите обвинети, јас знаев, одговори Ѓорчевски на прашањето на обвинителката дека од сите обвинети само тој знаел дека Вања ќе оди сама на училиште тој ден.

Вечерта пред грабнувањето, им испратил порака на ќерките потопло да се облечат, бидејќи следниот ден ќе било студено. Обвинителката го праша дали сакал да ги подготви децата за да планина или училиште.

-Не се сеќавам точно за минути за часови, личи на мене тоа што го кажавте, не знам до збор како сум им пренел, меѓутоа суштината била да се облечат топло, затоа што тој ден навистина за првпат беше најавуван како најстуден ден тоа зимо, познавајќи ги децата дека нема да ме фермаат ја препратив пораката и кај Зорица, за да ги наговори да се облечат топло за на училиште, а не во ски-комбилизони како што тука прејудицирате за на планина. Згора на се, како што претпоставував, и јас и Зорица, они беа во тинејџерски години, не ме послушале ниту мене ниту Зорица, и си се облекле фенси а не топло, одговори таткото на Вања.