Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

ВД амбасадорката на САД, Варнс од Охрид: Енергетската поврзаност е клучна за посигурен и поинтегриран Балкан

– Енергетската поврзаност е клучна за поголема сигурност на снабдувањето и за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Енергетската поврзаност е клучна за поголема сигурност на снабдувањето и за интеграција на регионот. Тоа го истакнаа вршителката на должноста амбасадор на САД во Македонија, Никол Варнс, и  директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, при денешната посета на Трафостаницата (ТС) Охрид.

Варнс, во присуство на дел од менаџментот на МЕПСО, се запозна со динамиката на реализација на проектот за енергетско поврзување на Македонија со Албанија.

Изградбата на Трафостаницата – Охрид е во завршна фаза, додека изградбата на 400 киловолтниот далновод Битола–Елбасан бележи напредок на терен. Проектот што се реализира по повеќе од три децениско планирање, треба да овозможи поврзување со елетросистемот во Албанија и да придонесе за поголема сигурност на снабдувањето и посилна енергетска поврзаност во регионот.

Реклама

Како што се посочува во соопштението од МЕПСО, на средбата било истакнато дека проектот е дел од пошироките напори за заокружување на регионалната енергетска поврзаност на Македонија, со планирани нови интерконекции со Косово и Бугарија, како и надградба на постојната 400 kV интерконекција со Грција.

Според МЕПСО, со тие проекти ќе се создадат услови за поголема прекугранична размена на електрична енергија и полесна интеграција на нови производни капацитети, особено од обновливи извори.

„Ова е многу повеќе од далекувод и трафостаница. Тоа е мост на доверба меѓу две земји, но и мост кон енергетски поврзан Балкан. Колку повеќе сме поврзани, толку сме посигурни, а колку повеќе сме регионално интегрирани, толку сме поотпорни“, беше истакнато на средбата.

Американската поддршка за регионалната енергетска поврзаност, како што беше оценето, претставува придонес кон посилен, побезбеден и поинтегриран регион.