Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Василевска: Молчењето на СДСМ е потврда дека со половина милион за НВО вршат поткуп на медиуми, граѓани и фирми

СДСМ врши поткуп на медиуми, граѓани и фирми со државни пари преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ врши поткуп на медиуми, граѓани и фирми со државни пари преку таканаречените невладините организации. Половина милион евра се трошат за поткуп на медиуми, граѓани и фирми во услови кога илјадници остануваат без работа, истакна на денешната прес-конференција Иванка Василевска.

СДСМ со денови молчи и не дава одговори:

  1. Дали во буџетот на Република Македонија има „вишок“ од половина милион евра, па тие наместо за помош на граѓаните и компаниите, се користат за поткуп на одредена група на невладините на Заев?
  2. Доколку Социјалдемократскиот сојуз навистина се грижи за благосостојбата на ранливите категории на граѓани, и за работата на невладините организации, прашуваме тогаш зошто овие средства кога се одложија изборите за 12-ти април беа скратени, а сега во предизборието истите ќе се доделуваат во скратени рокови и скратени процедури?
  3. И ако навистина целта е квалитетни и реални проекти за справување со пандемијата дали е демократски, транспарентно и отчетно, да објавите оглас за финансирање на невладини организации, а рокот за поднесување на соодветната документација да е неполни 6 дена?

Молчењето на СДСМ само ја потврдува нашата теза дека целата оваа операција не претставува ништо друго, освен обичен обид за предизборен поткуп. Воедно, не зачудува и молкот од страна на Државната комисија за спречување на корупција, чија што основна функција е препознавање на обиди за корупција од страна на политичари или државни институции. Ја потсетуваме истата дека Република Македонија се наоѓа во предизборен период и јавно ги повикуваме да отворат соодветни постапки, при секој еклатантен обид за поткупување на гласачи, како што е впрочем и овој.

Реклама

За ВМРО-ДПМНЕ невладиниот сектор претставува еден од столбовите на демократијата. Невладиниот сектор треба и мора секогаш да ја зачува својата неутралност и да биде силен критичар на коруптивните појави во општеството и коректор на власта. Во таа насока, ги повикуваме невладините организации да го покажат својот интегритет и авторитет и јавно да се спротивстават на ваквите еклатантни обиди за злоупотреба, односно предизборен поткуп. Ние имаме огромна почит кон граѓанските организации и ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека навистина не е вредно да се става под „хипотека“ интегритетот на невладиниот сектор, само заради лукративните интереси на Социјалдемократскиот сојуз и одредена група на веќе т.н. „владини-невладини“ организации. Воедно, го повикуваме Социјалдемократскиот сојуз да ги тргне своите раце од невладините организации и да не го доведува целокупниот невладин сектор во незавидна ситуација пред очите на јавноста!

СДСМ го уништува невладиниот сектор. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија.