Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Васил Јованов призна вина, семејството на Фросина Кулакова бара највисока казна: „Ја удрил мојата Фросинче со толкава сила што ја исфрлил 15 метри“

Да судија виновнен сум, ова ќе ме прогонува до крајот на мојот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да судија виновнен сум, ова ќе ме прогонува до крајот на мојот живот, носам огромна грижа на совест. 20 годишниот Васил Јованов призна вина за големата трагедија во која на Партизанска пијан, возејќи со брзина над дозволената на црвено смртно ја прегази младата Фросина Кулакова.

-Носам голема грижа на совест за тоа што го сторив. Нема ден да не се помолам за душата на Фросина и за здравјето на нејзиното семејство. Ова ќе ме прогонува до крајот на мојот живот. Уште еднаш да им изразам најдлабоко сочувство и да им се извинам, кажа Јованов.

Јас не сум само мајка која го изгубила своето дете, јас сум човек со откорната душа, пред судот кажа Камелија Кулакова, мајката на Фросина. Со порака дека денес била гласот на својата ќерка, затоа што таа повеќ не може да зборува вели дека ова не е судење за сообраќајка, туку за грабеж на живот, на иднина, за непоправлив грев, за убиство.

Реклама

-Фросина не беше само прегазена, таа беше згасната на начин што човечкиот ум не може да го прифати – без возачка дозвола, без положен возачки испит, пијан, на црвено светло, заобиколувајќи возила кои запреле, тој не запрел, не погледнал ниту почувствувал, ниту помислил. Ја удрил мојата Фросинче со толкава сила што ја исфрлил 15 метри, кажа Камелија Кулакова.

Семејството Кулакови побараа највисока казна за Васил Јованов. Велат бараме правда, а не одмазда.

-После ова долго рочиште дека судот ќе докаже дека правдата има душа, дека законите имаат душа и дека правдата има лице и дека животот на Фросинче нема да заврши во празно, изјави мајката на Фросина.

Бараат да се проценат сите отежителни околности, дека Јованов има правосилна пресуда за поседување наркотични средба, дека возел пијан, без положен возачки испит, како и дека претходно имал голем број сообраќајни казни.

-Доколку се изрече највисоката предвидена санкција, тоа ќе биде единствената правда, задоволителна правда за младиот изгубен живот на Фросина Кулакова и исто така би било превенција за во иднина да не бидеме сведоци на вакви немили настани и злодела, изјави адвокатот на семејството Кулакови, Дарко Ал Блана.

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, кој при завршните збориви на одбраната ја напушти судницата, се пожали дека семејството било целосно исфрлено од истрагата за овој случај. Според него законите во земјава биле крајно нехуѕмани, неодговорни и неправедни.

-Дури и ако ти убијат дете, родителите во она што значи главен слуачј според ваквиот закон воопшто не се дел од предметот и немаат право да учествуваат, ниту пак право на контрола на било што, дури ниту на увид и зависат само од добрата волја на институциите, изјави таткото Тодор Кулаков.

Во судница беа и родителите на Васил Јованов, кој својата пресуда ќе ја добие на 13-ти мај, со признавањето вина се чека само колкава ќе биде. Одбраната вели дека мора во предвид да се земат и олеснителните околности, односно дека тој покажал каење за она што сторил, а за тоа во доказната постапка доставија и видео материјал, за кој тврдат дека е веднаш во период веднаш по сообраќајката.

-Се работи за човек кој што има 20 години, категорично ја призна својата вина, ова не е ни првата ни последна сообраќајка во Македонија. Смртна последица сама по себе страшна работа, но треба да се идвидуализира и да се цени секој потег во врска со изрекувањето на казната, изјави адвкотот на Васил Јованов, Сашко Дуковски.  

Обвинителот Александар Марковски презентарајќи обвинението рече дека ќе докажел дека возачот кој смртносно ја прегази Фросина, додека минувала на пешачки премин тоа го сторил со умисла. Според него ова не е само несреќа во која навидуѕм еден маж прегазил, туку дека сообраќајка која еп оследица на низа сообраќајни пропусти.

Матеја Петровски