Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Ваботувањето во приватни фирми на национална основа е уште една концесија на Заев кон ДУИ

Артан Груби отворено ги уценува компаниите – ако вработат Албанци ќе добијат…

Сподели:

Артан Груби отворено ги уценува компаниите – ако вработат Албанци ќе добијат помош од државата. Етничкото вработување вели тој било многу важно, затоа што така налагал Охридскиот рамковен договор. Најавата од првиот вицепремиер  дека Владата наскоро ќе ja разгледува мерката која беше предизборно ветување на ДУИ, предизвика бурни реакции.

Првиот вицепремиер смета дека тоа би било од полза и за странските компании да имаат вработени припадници на другите етнички заедници и од практична гледна основа претежно за јазикот и за комуникација со граѓаните.

Етничкиот клуч, смета тој, е многу важен затоа што така налагал и Охридскиот рамковен договор и уставното начело за правична застапеност на сите заедници во земјава.

Реклама

– Етничкиот клуч во вработувањата е многу важен, бидејќи така налага и Охридскиот рамковен договор и уставното начело за правична застапеност на сите заедници во земјава, но тоа не значи дека ќе има помал квалитет на луѓето кои ќе ги добијат работните места. Не е дискриминирачки, туку напротив е правична застапност на сите заедници. Не треба да се гледа како унапредување само на Македонците или Албанците, туку важи и за Срби, Роми, Власи, Бошњаци и за Туци и за сите други заедници ако ги исполнуваат условите за работното место кое аплицирале, изјави Груби, вели Груби.

Барањето на ДУИ е дел и од владината програма , иако премиерот Заев се обидуваше да го релативизира. Социјалните мрежи вријат – дел од коментарите се дека Заев прави уште една отстапка за да му удоволи на Ахмети, само за да остане на власт.

  • Ова не е дискриминација ова е тежок грабеж на пари директно од џебот на сите граѓани на Македонија без разлика на нивна етничка припадност.
  • Цела Влада еднаш ако може да престане со глупости а и со мешање во приватен бизнис и воопшто во бизнис.

Поранешниот пратеник, Илија Димовски по ваквите најави, на власта и порача дека не треба субвенции за вработување, зошто со ваков хаос во образованието  сите нови генерации ќе избегаат да работат градежништво низ Австрија и Италија.

Се јави и актуелниот пратеник Мирослав Богдановски од ДОМ, дел од мнозинството.

  • Класична дискриминација, со државни пари да се субвенционираат приватни фирми да не се вработуваат Македонци е навистина неприфатливо и недозволиво, напиша Богдановски на Фејсбук.

Стопанствениците, пак, сметаат дека за бизнисот е најважно да се решат економските проблеми. Од бизнис заедницата алармираат дека владата овој пат мора да донесе ефикасни мерки за да му се помогне на стопанство, во спротивно опасноста уште голем број на граѓани да останат на улица, е голема.

Според последните податоци од Агенцијата за вработување, од јануари бројот на невработени лица пораснал за 40.350 лица.

Борис Грујоски