Реклама

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Македонија

Утврден редоследот на гласачкото ливче – Пендаровски број 1, Силјановска број 2

Редослед на кандидатите за претседател на гласачкото ливче: 1.Стево Пендаровски  – СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Редослед на кандидатите за претседател на гласачкото ливче:

1.Стево Пендаровски  – СДСМ

2.Гордана Силјановска Давкова – ВМРО-ДПМНЕ

Реклама

3.Стевчо Јакимовски  – ГРОМ

4.Бујар Османи – ДУИ

5.Билјана Ванковска – Левица

6.Арбен Таравари – ВРЕДИ

7.Максим Димитриевски – Движење ЗНАМ

Вака ќе изгледа гласачкото ливче на престојните претседателски избори закажани за 24 април – прв круг и вториот на 8-ми мај. Преку ждрепка во Државната изборна комисија, претставниците на претседателските кандидати ги извлекоа редоследните броеви на 7-те имиња кои ќе се тркаат за вселување во Вила Водно.

Според законскиот роковник, во ДИК досега се тече во најдобар ред, а според истиот 4 април ќе започне изборната кампања за претседателските избори, а ќе заврши на 22 април на полноќ.

  • „Во моментов ги чекаме предлозите на политичките партиите, за избирачките одбори, по еден од власта и опозиција, и предлозите за гласање во ДКП, тоа ќе бидат следните дејствија и сите дејствија според закон кои се пропишани во роковникот, ги спроведуваме, а знаете сите дека заврши јавниот увид во Избирачкиот список“ рече Даштевски – Претседател на ДИК.

Дијаспората ќе гласа само за избор на шеф на државата бидејќи не се пријавиле доволен број гласачи односно колку што имал поддршка еден пратеник на последните парламентарни избори.

  • „Некаде околу 2900 и нешто се пријавија, не се сите прифатени но најголемиот дел се прифатени. Најголем број се пријавени во Германија, во САД, Канада, Австралија, но и во другите европски држави. Во некои нема, но тоа допрва ќе се утврдува, но тие ќе гласаат само за претседател..“ рече Александар Даштевски – Претседател на ДИК.

На партиите им остануваат 10 дена до почетокот на кампањата за претседателските , а течат и роковите за подготвување на листите за парламентарните избори.

Листите на кандидати за пратеници во Собранието овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК најдоцна до полноќ на 2 април.