Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Устaвен се уште не постапил по иницијативата за хаосот со замената на личните документи

И по два месеци од поднесувањето, Уставниот суд не ја става на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И по два месеци од поднесувањето, Уставниот суд не ја става на дневен ред иницијативата наструшкиот адвокат Глигорие Ќатоски за заштита на човековите слободи и права, по хаосот со личните документи.Граѓаните до последен момент не беа информирани дека треба да ги менуваат,иако согласно обврските превземени со преспанскиот договор, ваквите документи почнувајќи од 12-ти февруари 2019-та година требало да се издаваат со новото име на државата. Станува збор за дискриминација и грубо прекршување на човековите права,вели Ќатоски кој сеуште чека објективна и транспарентна постапка од Уставен.

 “Пресудите и одлуките треба да ги носат во името на граѓаните на оваа држава, без оглед на политичките влијанија, без оглед на тешкотиите со кои што неспорно се соочуваат судиите. Јас имав пред подолго време купено билет за патување во Германија, за жал поради стариот образец на пасош кој што го поседувам не ми беше дозволен излез од државата”-вели Ќатоски

Ова претставува голем проблем за иселениците кои мора да се вратат во матичната земја за да ги сменат личните документи.

Реклама

-“Во Италија не можат да ги прават тие документи и се под притисок да доаѓаат во Македонија и мора да доаѓаат да напуштат работа што не е во ред бидејќи секој еден има фамилија,треба да ја храни, да живее.А вака треба да потроши 500 до 1.000 евра “-вели анкетиран иселеник

Доколку Уставен утврди дека станува збор за дискриминација, граѓаните пред судовите во државата,ќе може да поднесат соодветна постапка за надомест на штета за повреда на нивното лично достоинство како и во однос на трошоците кои што морале да ги сносат за вадење на нови документи како и за пропаднатите патувања, авиобилети и сместувања,појаснува Ќатоски.

Ваквото однесување на државните органи е недозволиво и крајно разочарувачко и кон младите кои што решиле  да ја градат својата иднина во државата,вели овој надежен струшки адвокат.

Новинар Росица Голабоска