Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Прилози

Успешен старт на „Prilep beer weekend 2024“, во градот „врие“ како во кошница –

Вистинска ерупција од позитивна енергија и забава, масовна посетеност, преполни штандови со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вистинска ерупција од позитивна енергија и забава, масовна посетеност, преполни штандови со гости. Синоќешната прва вечер од годинашното издание на Фестивалот на пивото и скарата во градот под Марковите Кули како да ги „скрши“ сомневањата дури и на најголемите скептци дека ваквите случувања на Прилеп и прилепчани и тоа како им се потребни, особено во овој период од летото кога голем број иселиници се наоѓаат на одмор во татковината.

  – „Пивофест е супер. Идиме од Америка, секоја година кога ќе сме тука, присуствуваме. Многу е добра атмосферата. Живата музика, скарата, пивото, се’ e супер“.

– „Од Италија сме.Татко ми е од Македонија, ние доаѓаме, ама на дечкото му е првпат. Убаво е многу е убаво“.

Реклама

– „Јас сум Италијанец, добро е, добро“.

  – „Јас сум од Италија, ама идам секое лето во Македонија и ова ми е прво лето на Пивофестот, којзнае од кога. И убаво е…

   – „Очекувам гости да ми пристигнат од Скопје и да ги пречекаме во амбиентот на Пивофестот“.

– „Супер е, супер. Првпат ни е тука и многу е убаво. Од Америка сме дојдени за првпат, многу е убаво, фала ви, чао“.

–  „Прва лига е. Доаѓаме од Франкфурт, Германија. Фестивалот е копија на германскиот Пивофест, донекаде блиску е, но не може да се спореди македонскиот народ со германскиот, зашто македонскиот народ е преубав, а и македонското пиво.“

-„Македонија е најдобра“.

  Целта ги оправдува средствата и затоа ние како ЛС направивме се’ што е во нашите ингеренции за оваа дведецениска традиција да продолжи, вели градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, и додава дека овој Фестивал повеќе од 20 години претставува сериозен културен, туристички, но и економски бенефит за општината.

„Се разбира, економскиот бенефит на Прилеп многу ќе ни значи, бидејќи освен ноќната програма, гостите во текот на денот можат да го разгледаат Прилеп со сите негови убавини, од музеи, од природни богатства, како и Чаршијата“ – истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

„Prilep beer weekend“ продолжува вечерва, со втората фестивалска вечер, а завршува утревечер, кога се очекува и кулминацијата на годинашната фешта на пивото, скарата и одличната забава.

 Каролина Дурло