Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Уште една приватна журка во МОК: Димевски одржа Собрание без спортските федерации

Со огромен бојкот од спортските федерации и со спорен број на присутни делегати,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со огромен бојкот од спортските федерации и со спорен број на присутни делегати, кои требаше да направат кворум за работа, Македонскиот Олимписки Комитет го одржа Редовното Годишно Собрание, по кое стана јасно дека претседателот Даниел Димевски ја нема поддршката од деведесет проценти од луѓето кои го водат спортот во Македонија.

Иако беше евидентно неприсуството на најголемите спортски федерации (фудбалската, ракометната, одбојкарската) како и на тие федерации што даваат најголем дел од олимпијците, сепак Димевски со полчасовно задоцнување, поради тоа што се собираа луѓе за кворум, ја почна седницата која траеше четириесетина минути. Во Салата немаше присутно повеќе од двесет луѓе.

Спорно беше оправувањето дека кворум има, дека некои делегати ќе бидат присутни на онлајн платфората Зум, а уште поспорно беше тврдењето на Димевски дека добил три писма од тројца делегати кои однапред се согласуваат со одлуките кои ќе бидат донесени. 

Реклама

„Едниот вози трка, другиот во моментов лета со авион“, рече Димевски.

Точките на дневниот ред беа гласани со брзина на светлината, за никоја од нив немаше дебата, а Димевски иако призна дека нема двотретинско мнозинство за менување на Статутот, сепак ја почна процедурата со која се ограничува мандатот на претседателот на 12 години и максимална старосна граница од 70 на денот на изгласувањето. Според претседателот на МОК, сите федерации во наредниов период ќе праќале согласност на мејл, па коа ќе се собереле двотретински број на гласови (!?), изменетиот Статут ќе одел во Централен Регистар.

Од останатите работи вредни за споменување, Димевски рече дека сите статути на македонските спортски федерации морале да бидат кроени според Статутот на МОК, со цел да останат подложни од надворешни влијанија и дека тоа го барала Олимписката повелба.

Димевски на крајот ги информираше присутните за новите имиња во Собранието на МОК, како и за тоа дека Управниот одбор ќе биде проширен на 27 члена.