Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Уште еден срам за СДСМ со одложувањето на конгресот купуваат време за внатрепартиска битка за тронот, во игра и Никола Поповски

Политичките фракции во СДСМ водат војна за тронот, а тоа се виде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политичките фракции во СДСМ водат војна за тронот, а тоа се виде и на вчерашниот конгрес кој се одложи на неопределено време. Дел од аналитичарите одложувањето на конгресот на СДСМ  го толкуваат како купување време на фракциите во партијата се додека не се договорат која внатрепартиска група ќе ја води партијата и ќе постави лидер.

СДСМ на последните избори имаше катастрофален резултати и го допре дното, ова сега што го гледаме е само последицата на партискиот раскол, смета новинарот и аналитичар, Бранко Героски.

Според него до крајот на месецот СДСМ нема да организира внатрпартиски избори бидејќи очигледно подолго време ќе трае борбата за тронот.

Реклама

Од неофицијални извори освен фракцијата на Заев која важи за најсилна и се очекува дека ќе успее да назначи лидер, деновиве членови на СДСМ покажале интерес за лидер да се кандидира Никола Поповски кој зад себе има огромно партиско но и функционерско истутство во владите на СДСМ. Вчера партискиот лидер во оставка Ковачевски и поранешниот потпретседател на партијата Битиќи не очекуваа дека конгресот ќе се одложи, па се надеваа на конструктивна и жестока дебата меѓу делегатите.

Откако и двајцата изразија оптимизам за одржувњето на конгресот, попладнето од партијата соопштија дека општинските организации немале време да го прочитаат извештајот на 66 страници за изборните резултати, па одложија на неопределено.

Засега не се знае дали и кога СДСМ ќе успее да се обедени и да одржи партиски конгрес, а потоа и на легитимни внатрпаартиски избори да избере лидер.