Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега

Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана.

Како што изјави Цана, се работи за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход. 

-Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ставен на респираторна поддршка, истакна Цана.

Реклама

Починатиот е од Скопје, од Долно Лисиче. Заедно со него, до денес вкупно пет лица се починати од западнонилска треска во државава.

Според директорот на Клиниката, моментно се хоспитализирани 21 пациент, од кои 18 со потврдена инфекција на вирусот и невроинвазивна форма, додека тројца пациенти се сметаат за суспектни.

-Скоро секој ден по некој се хоспитализира и бројката на Клиниката е околу 20 до 21. Во тешка општа состојба се уште четворица пациенти, кои се лекуваат на Одделот за интензивно лекување, додека другите пациенти се сместени на Одделот за невроинфекции. Сите пациенти што се со тешка клиничка слика се во поодмината возраст. На Клиниката е хоспитализирано и помладо лице, од 25 години, рече Цана.

Вкупниот број излекувани и испишани пациенти е 19.

Цана објасни дека на Клиниката за инфективни болести се примаат пациенти со невроинвазивни форми на болеста. Како што рече, 80 отсто од потенцијално инфицираните пациенти се или асимптоматски или со лесна клиничка слика и не бараат болничко лекување.

-На Клиниката за инфективни болести, сите пациенти за кои цело време зборуваме се околу еден отсто од вкупно инфицираните пациенти кај кои поодминатата возраст е клучен ризик-фактор. Кај сите пациенти е потврдена невроинвазивна форма на болеста. Секаде каде што имаме зафатеност на нервниот систем, се работи за невроинвазивна форма. Кај сите овие пациенти кои се хоспитализирани кај нас имаме потврдено акутно воспаление на мозокот и мозочните обвивки, без разлика дали се работи за помлад или постар пациент, кај сите што се хоспитализирани на Клиниката е потврдена таа невроинвазивна форма, како што медицински ја нарекуваме. Но кај помладите пациенти, нормално, исходот и текот на болеста, според сите досегашни студии и статистики, како кај нас така и во светот, е поповолен и тие полесно ја поминуваат болеста, потенцира директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: