Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Прилози

Уште еден ангиограф за да се намалат листите на чекање бара Кардиолошкиот центар од Ох

Набавката на уште еден ангиограф и целосното реновирање на старите одделенија во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Набавката на уште еден ангиограф и целосното реновирање на старите одделенија во охридскиот кардиолошки центар се приоритети кои, според раководството, не смеат да се одложуваат.

Во установата, која е втора по големина кардиолошка болница во државата, годишно се лекуваат околу 45.000 пациенти, а се изведуваат над 2.000 кардиолошки процедури. Тоа, според раководството, е недоволно за работа со само еден ангиограф.

„Тоа го прави функционирањето во една сала речиси невозможно. Да не зборувам за дефекти на ангиографот, кои лани ни се случија, па речиси два месеца не работевме. Кога има голем дефект, доаѓа до целосен прекин на интервенциите, а пациентите со акутни инфаркти и други итни состојби сме приморани да ги префрламе во други градови, бидејќи не сме во можност да ги третираме“, вели д-р Билјана Тегоска, директорка на ЈЗУ „Свети Стефан“ – Охрид.

Реклама

Изградена во 1982 година, оваа специјализирана болница, во која се лекуваат и пациенти од соседните земји, се соочува со сериозни предизвици. Со поддршка од Швајцарската амбасада, целосно е обновена фасадата, заменети се кровот и дограмата, а потоа, со донации и сопствени средства, болницата продолжила со внатрешно реновирање – од подови и врати, до целосна реконструкција на салата за кинезитерапија, која не била обновена повеќе од 40 години.

„Старите делови, како амбулантско-поликлиничкиот блок и рехабилитацискиот оддел, се од стариот објект и бараат целосно реновирање. Се надеваме дека ќе наидеме на слух од Министерството за здравство за да ги обновиме овие простории, бидејќи во моментот на пациентите можеме да им понудиме субстандардни услови за сместување“, додава д-р Тегоска.

Реновирањето трае повеќе од година и пол и сè уште не е завршено. Дополнителен проблем, како и во многу здравствени установи, е недостигот на среден медицински персонал. Дел од медицинските сестри се пензионирале, други се иселиле или преминале на други работни места. Од болницата до Министерството за здравство е поднесено барање за нов прием на медицински сестри.