Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Уште 50 милиони евра за проектот Кичево – Охрид

Изградбата нанајскапиот автопат во Европа, Охрид-Кичево ќе ја надмине ли сумата од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата нанајскапиот автопат во Европа, Охрид-Кичево ќе ја надмине ли сумата од фантастични 600 милиони евра. Во објавената програма за 2024-та пишува дека од кинеската Ексим банка планирано е да се повлечат сретства во износ од над 3 милијарди денари,но и покрај тоа од Јавното претпријатие „Државни патишта“ тврдат дека не станува збор за нов заем кој во евра изнесува приближно 50 милиони.

” Продолжувањето на договорот со “Синохидро” нема да има дополнителни финансиски импликации. Предвидените средства во програмата на ЈПДП за 2024-та година се средства од веќе обезбедениот заем од Ексим банка за изградба на автопатот Кичево -Охрид кои мора да бидат предвидени во програмата за да може да се повлечат од сметката.” велат од ЈПДП

Иако и по 4 продолжувања на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид на кој не му се гледа крајот, министер Бочварски уверуваше дека истиот ќе бил готов и пуштен во употреба до крајот на 2023-та,тој уште во месец март лани,не сакаше дирекно да одговори дали изградбата на 57-те километри ќе чини повеќе од од сега инвестираните половина милијарда евра?

Реклама

”Значи ние во моментот имаме таква договорена цена, јас не можам да прејудицирам за пониска или повисока цена, можам да кажам тоа што го имаме како договор помеѓу државата и изведувачите.”-вели министерот за транспорт и врски,Благој Бочварски.( 29.03 2023)

Еспертите пак се децидни,без да се наоѓаат изговори и празни оправдувања кои веќе не држат вода,државата под итно да донесе конечна одлука без тактизирање со крајниот рок за изградба на автопатот Кичево-Охрид,проект кој недозволиво се влече цели 10 години.Апсолутно неприфатливо е велатда слушаме за грешки во проектирањето и појава на нови свлечишта на автопатска делница која е значајна сообраќајна артерија во државата.

 “Секојдневно возиме  24/7 по тоа пат и тоа мора да повлијае за донесување на соодветно решение, одлука која ќе има цврст тајминг. И не можеме веќе ние да говориме дека заради ова, или заради она, овој не завршил тој не извршил ,тоа е недозволиво веќе.Ние мора да го решиме”-вели –вели Љупчо Милкоски,експерт за безбедносни појави

Од јавното претпријатие„Државни патишта“ не добивме одговор на прашањето кога е крајниот рок за изградба на автопатот? Во соопштението кое ни го испратијастои  дека министерство за транспорт и врски и тие како јавно претпријатие отпочнале преговори со изведувачот за склучување на анекс на договорот за продолжување на рокот на изведба и оти преговорите сеуште траат .

Росица Голабоска