Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Економија

Управните и надзорните одбори полни со партиски кадри – цицаат два милиони евра годишно

Столче во управен одбор како благодарност за лепење  на плакати. Околу 2…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Столче во управен одбор како благодарност за лепење  на плакати. Околу 2 милиони евра годишно државата троши за исплаќање на  партиските кадри распоредени по управните и надзорни одбори на државните фирми, покажува извештајот на Центарот за управување со промени.

Моментално, речиси 4.000 луѓе, кои што се членови на одборите се вдомуваат исклучиво по пат на политика. За експертите ова е начин да се најде место за оние партиски војници кои не можат да добијат висока политичка функција, и не постои политичка волја да се направи суштинска промена.

На овој начин и натака се партизираат и јавните претпријатија исто така и во јавните установи, имаме клинички центар кој до 2005 имаше еден директор сега има 32 директори коишто здравството само го чинат само 600 илјади евра, така и во јавните претпријатија кои најголем дел се загубари, но дотациите секој месец им се дотираат најверојатно од Буџетот, вели Борче Давитковски.

Реклама

Владата за 2021 година во својата програма, планираше да го намали бројот на членови на Управните одбори на јавните претпријатија до три, односно до петмина. Беше предложен и Закон за изменување и дополнување за јавните претпријатија, но тој заглави во собраниска процедура.

Експертите предупредуваат дека тоа што власта не најде за сходно да направи промени во администрацијата на есен од Брисел ќе стигне најнегативниот извештај до сега во овој поглед.

Иако чекавме 6-7 години дека оваа пракса ќе се надмине со измена на закон за јавни претпријатија и со измена на други закони со кои ќе се редуциаат овие таканаречени лепачи на плакати кои примаат средства, а не се вработени, а некаде земаат над минимална, а и над просечна плата. Нема политичка волја да се ревидира администрацијата , има 4 закони кои се во Собрание, но нема да поминат рече Давитковски.

Ветувањата за ревидирање на администрацијата власта на СДСМ ги имаше дури и во својата изборна програма, дека ќе ја намалат за 20 % и дека ќе работат тие што се подготвени да им служат на граѓаните.  Инаку, според Центарот за управување со промени во Македонија има околу 150 институции со помалку  и од 10 вработени, кои што исто така имаат на управни и надзорни одбори.