Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Управниот суд поништи три незаконски одлуки на Влада и ги потврди актите на Тошковски

Техничкиот премиер Талат Џафери потпишувал незаконски одлуки донесени на владините седници. Управниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Техничкиот премиер Талат Џафери потпишувал незаконски одлуки донесени на владините седници. Управниот суд пресуди дека за наредбите од министерот за внатрешни работи Тошковски, требало да одлучува Државната изборна комисија а не директно Владата да ги поништува. Две решенија за формирање на комисии за распоредување и една телеграма за спроведување на интерен оглас за пополнување на слободни работни места во МВР, потпишани од Тошковски се вратија во живот, иако на нив не стоел потписот на заменикот Бојманцалиев.

  • Управниот суд оцени дека тужениот орган, односно Владата при донесување на оспорените одлуки сторила повреда на правилата на постапката, предвидени со член 48 од Законот за Влада, од причина што во ситуација на несогласување помеѓу министерот и дополнителниот заменик во Министерството за внатрешни работи кое произлегува од доставените известувања на дополнителниот заменик на министерот во врска со тоа дали предметните акти кои се донесени од министерот претставуваат правно, финансиски и кадровско прашање кое се однесува на организација на изборите…“ објави Тошковски

Според Тошковски, Владата се впуштила во оценување на законитоста иако била должна да ги упати страните ова спорно прашање да го решаваат пред Државната изборна комисија која е единствено надлежен орган да утврди дали актот спаѓа во групата на акти кои се одобруваат од дополнителниот заменик во МВР.

  • Со вака донесените пресуди Управниот суд потврдува дека предметните акти донесени од моја страна се во согласност со Законот за Влада и другите закони и подзаконски акти кои ја регулираат оваа материја, а во исто време Владата постапила спротивно на законот односно погрешно го применила материјалното право“ пишува Тошковски.

Техничкиот министер за внатрешни работи и претходно предупреди дека ова е преседан што го прави владата, бидејќи се работи за незаконито и скандалозно поништување одлуки од страна на Владата.

Реклама
  • „Владата се охрабри да поништи наредба што јас сум ја издал на колешка во МВР за да го тера процесот со фотографирање. Наредба на колешка, која на доброволна основа сака да помогне да се отвори пунктот во Ново Село, да функционира како што треба, за тие граѓани да може да бидат таму фотографирани, и Владата ја поништува. Па како не им е срам. Ај што се тотално неинформирани, правно непотковани, па уште и дрски да зборуваат за формални недостатоци“, рече Тошковски на 14.03.2024.

Џафери ја поништи одлуката на Тошкоски бидејќи на нејзе не стоел и потписот на неговиот заменик Бојмацалиев, иако тој според закон немал наредба да го цени тоа.