Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Управен суд ја поништи одлуката на ДКСК за АСЈО, предметот е вратен на повторно одлучување

Вработувањата на 130 – те идни судии и обвинители не било прекшување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вработувањата на 130 – те идни судии и обвинители не било прекшување на Изборниот законик – одлучи Управниот суд. Спротивно од едногласната одлука на Антикорупционерите, дека приемот и тестирањето се косат бидејќи се во предизборен период, судечкиот совет тврди дека Академијата за судии и јавни обвинители согласно законските одредби ги планирала.

Управните судии ценат дека антикорупционерите направилe суштествени повреди поради тоа што одлучувале членови од Антикорупциска кои тужителот барал да се изземат.

Според судот погрешна и нецелосна била утврдена фактичка состојба и во однос на член 8 а од Изборниот законик кои се однесува на вработувања во итни и неодложни постапки.

Реклама
  • Исто така, судот утврди нецелосно утврдена фактичка состојба и повреда на начелото на законитост и владеењето на правото како основна и темелна вредност согласно Уставот на РСМ. По однос на правната сигурност при постапувањето на тужениот орган, односно ДКСК, и постапување и утрдување на фактичка состојба дали станува збор за иста или слична правна состојба. Исто така, најде повреде при нецелосна утврдена фактичка состојба при однос на примената на материјалното право.. се наведува во пресудата на Управен суд.

На што судиите во Управен, Дитурије Елези Незири, Ана Герасимовска и Даниела Антовска, ја темелат пресудата денеска се чека официјалното писмено образложение.

Со ваквата донесена одлука, приговорот на професорката Гордана Силјановска Давкова се враќа на повторно одлучување пред антикорупционерите.

Антикорупциската комисија, едногласната одлука пред Управниот суд ја бранеше со неажурноста на Академијата која според нив имала довелно време не ја спровела постапката пред да се распишат изборите. Истиот став го има и подносителката на предлогот, Силјановска-Давкова, според која има прекршувања на законските правила.

Академијата се правда дека процесот мора да продолжи бидејќи во државата има недостиг на судско-обвинителски кандар и за нив нема прекршување на Изборниот законик бидејќи процес на селекција бил почнат пред повеќе од една година.