Реклама
Македонија

УПОЗ не ги слуша пораките од Владата за решавање на платите преку дијалог

На синдикалците од УПОЗ не им се слушаат конструктивните пораки од Владата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На синдикалците од УПОЗ не им се слушаат конструктивните пораки од Владата, преку дијалог да се најде решение за нивните барања за платите и колективните договори.

И покрај повикот решението да се бара на маса, тие и денеска продолжија со стратегијата  тоа да го издејствуваат од улица. Пред Државниот завод за статистика се собраа и повторно  ги испратија барањата за повисоки плати за 30 проценти.

„Сакам да ја потсетам Владата, дека ова е протест, а не штрајк, иако Владата секојдневно го кажува тоа. Штрајк значи неизвршување на работни задачи. А, доколку вработените од Државниотт завод за статистка не извршат само една работна задача, од својот делокруг, а тоа е пресметка и објава на просечна месечна плата, на ниво на една држава, ќе се доведе во прашање работата на многу институции, а последиците ќе ги трпат граѓаните“, изјави Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ.

Реклама

Од владата повеќепати повикуваа на дијалог и нагласуваа дека се свесни за предизвикот со платите, па игнорирањето на повикот  да се седне на маса, кај власта става сомнеж дека овие протести се политички мотивирани.

Од УПОЗ се правдаат дека веќе разговарале со сите ресорни министри и дека ја добиле нивната поддршка, но признаваат и дека немало предвидено пари во буџетот. Синдикатите  треба да се договорат како ќе настапуваат следната недела. За утре е најавен протест пред Министерството за финансии.

Инаку денеска Независниот синдикат ги достави забелешките за новиот Закон за администрација на Владата. Тие побараа поголеми плати кои ќе се пресметуваат со коефициентот на сложеност.

„Побаравме просечната плата со додаток да се пресметува спрема коефициент, односно видот и одговорноста на работата и работните задачи, односно работното место“, изјави Горан Ристевски, претседател на независниот синдикат на администрацијата

„Побаравме од советникот на премиерот да го сменат правилникот за дежурства. Односно тој правилник е донесен пред десетина години и едно дежурство во кривичен суд изнесува само 300 денари“, рече Јасмина величкова претседател на независен синдикат во судската служба.

„Имаме гаранции дека денеска до утре ќе имаме одговор на тоа како побрзо да се реши статустот на вработените во инспекциските служби“, рече Љуљзим Фаризи потпретседал не независен сидникат во државнито синдикат за труд

Разговорите со Владата ги поценија како конструктивни и се надеваат дека наскоро ќе се изнајде заедничко решение.

Љубиша Владимиров