Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Универзитетската диплома патоказ во професионалната кариера на младите

Во присуство на академскиот кадар, министри, градоначалници, претставници од бизнис заедницата и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во присуство на академскиот кадар, министри, градоначалници, претставници од бизнис заедницата и медиумите се одржа гламурозно свечено доделување на дипломи на шеснаесеттата генерација дипломирани студенти и четиринаесеттата генерација магистри на Универзитетот Скопје што се одржа во Националната опера и балет.

Ректорот на Универзитетот Скопје, проф. д-р Аце Миленковски во својот емотивен говор на дипломците и магистрите им порача дека семејството е татковина на љубовта – токму такво големо семејство е Универзитет Скопје, со дипломците, магистрите, нивните родители и сите присутни гости.

„Бидете светилници, освојтете ги и осветлете ги светот и Македонија со надеж, мудрост, знаење и добрина. Вие сте иднината, оние кои можат да донесат нова енергија, нови идеи и промени кои ќе ги унапредат сите нас“ им порача Ректорот Миленковски на овогодинешните магистри и дипломци.

Реклама

Тој особено им се заблагодари на своите колеги и пријатели што несебично придонесуваат кон развојот на науката, високообразовната дејност и економијата. На проф. д-р Слободан Ивановиќ, редовен професор во трајно звање, му беше доделено почесното звањето Professor Emeritus, на проф. д-р Јове Кекеновски му беше доделена почесна титула Professor Honoris Causa, а на г-н Феми Косовали почесна титула Doctor Honoris Causa.

Свечената промоција стартуваше со балетот „Simply the best“ во кореографија на Олга Панго, чија изведба низ музика и игра ги доловија сите важни мигови во образованието на една личност. Бура од емоции предизвика и изведбата на дел од групата Меморија.

На свечената промоција во МОБ беа прогласени и студентите на генерација. Најдобрите дипломци и магистри се заблагодарија на академскиот кадар, нивната посветеност и професионалност. Универзитет Скопје кој е бренд во високото образование, создава кадри кои веќе се етаблирани на менаџерски позиции во реномирани компании.