Реклама

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Македонија

Унгарската поддршка во фокусот на разговорите на Трајков и Барна Пал

За време на работната посета во Будимпешта, заменик министерката за европски прашања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За време на работната посета во Будимпешта, заменик министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со Европската Унија Доц. д-р  Викторија Трајков се сретна со унгарскиот заменик-министер за европски прашања, д-р Жигмонд Барна Пал. 

Средбата беше одржана во духот на зајакнување на билатералните односи и соработката меѓу Македонија и Унгарија, особено во контекст на европските интеграции.

Посебен акцент беше ставен на унгарската поддршка на земјата на нејзиниот евроинтегративен пат, која досега беше од суштинско значење. 

Реклама

Двете страни разменија мислења за најдобрите практики и искуства од унгарскиот процес на пристапување кон ЕУ, при што заменик министерката Трајков ја истакна важноста на унгарската експертиза како модел за имплементирање на европските реформи во нашата земја. 

Д-р Барна Пал ја потврди посветеноста на Унгарија за продолжување на поддршката и предложи конкретни иницијативи за идни програми на соработка, особено во областите на владеење на правото, економскиот развој  и јакнење на административните капацитети.

Средбата е резултат на силната поврзаност меѓу двете земји и ја истакнува  улогата на нашата земја како активен партнер во регионалната стабилност и европската интеграција. 

Доц. д-р Трајков изрази благодарност за пријателскиот и конструктивен пристап на Унгарија, оценувајќи ја оваа средба како важен чекор кон зајакнување на односите и креирање нови можности за заедничка работа во рамките на европските процеси.