Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Ултра-преработената храна поттикнува пандемија на хронични болести, велат лекари

Ултра-преработената храна (УПХ) е водечка причина за „пандемијата на хронични болести“ поврзана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ултра-преработената храна (УПХ) е водечка причина за „пандемијата на хронични болести“ поврзана со исхраната, при што прехранбените компании ја ставаат заработката пред сѐ, предупредуваат стручњаците.

Индустријата во својата суштина ги опфаќа производителите на УПХ, но и поширока мрежа на меѓузависни чинители коишто колективно го водат производството, маркетингот и потрошувачката на УПХ. Во напис објавен во медицинското списание „Лансет“, 43 научници и истражувачи се здружија за да утврдат дали УПХ ја „заменува“ свежата храна и оброци. Заклучокот гласи: УПХ го влошува квалитетот на исхраната и тоа се поврзува со повеќе хронични болести. Тука се вбројуваат и дебелина, срцеви заболувања, рак и рана смрт.

„Клучниот двигател на растот на УПХ на светско ниво е растечката економска и политичка моќ на индустријата за УПХ и нејзиното реструктуирање на прехранбените системи за профитабилност пред сѐ“, се вели во написот.

Реклама

Примери за УПХ се сладоледот, преработеното месо, чипсот, масовно произведениот леб, некои житарки за појадок, бисквити, многу готови оброци и газираните напитоци. УПХ често содржи високи нивоа на заситени масти, сол, шеќер и хемиски додатоци, па стручњаците велат дека сѐ тоа остава помалку простор за свежа храна во исхраната на луѓето.

Иако некои земји донеле правила за регулирање на храната и контрола на УПх, „глобалниот одговор на јавното здравје е сѐ уште во зачеток, слично на онаму каде што беше движењето за контрола на тутунот пред неколку десетлетија“, сметаат научниците.

Според нив, владината политика, вклучително и во земјите со високи приходи, направила малку за да ги промени „комерцијалните и структурните детерминанти на проблемот“, и наместо тоа се сосредоточува на одговорноста на потрошувачите, партнерствата во индустријата и доброволната саморегулација во индустријата, како на пр. – кога компаниите го заменуваат шеќерот во некои прехранбени производи со засладувачи, или ги намалуваат мастите.

„Оваа политичка инерција ги одразува координираните напори на индустријата да го искриви донесувањето одлуки, да ги насочи политичките дебати во нивен интерес и да создаде впечаток на сомнеж во науката“, се вели.

Уделот на УПХ во исхраната останува под 25 отсто во земји како Италија, Кипар, Грција, Португалија и низ цела Азија, но во САД, таа бројка е 50 отсто, а слични се параметрите и Обединетото Кралство, според истражувањето. Сепак, стручњаците тврдат оти „тој континуиран раст на УПХ во човечката исхрана не е неизбежен“ и, иако истражувањата за нејзиното влијание продолжуваат, ова не треба да ги одложува политиките насочени кон поттикнување исхрана заснована на интегрална храна.