Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Украдени овци и јагниња од бачилото на сточар во штипското село Лакавица

Од бачилото на сточарот Ибраим Хусеин во штипското село Лакавица синоќа непознати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од бачилото на сточарот Ибраим Хусеин во штипското село Лакавица синоќа непознати сторители украле пет овци и три јагниња. Тој тврди дека непознати лица за нив во селото вчера се движеле со автомобил. Хусеини кој чува над 200 овци и прозиведува млеко и млечни производи вели дека ова е не е прв пат од бачилата во Штипскиот регион да се краде стока. 

-Чувам околу 220 овци, ама синоќа ми украдоа осум, пет овци и три јагниња. Бараме да се најде некое решение, да им се помогне на сточарите. Лани имаше околу 100 овци украдени во Штипско, еве синоќа и кај мене, изјави Хусеини.

 Тој посочува дека тешко е да се одгледуваат овци, бидејќи од една страна влијаат и климатските промени, односно сушата влијае врз количините на млекото, од друга страна се уште ги немаат земено субвенциите. 

Реклама

 -Не се исплаќа, ние сме од сите страни најзагрозени. Од една страна е климата, времето гледате, многу суша нема млеко од овците, субвенции уште не сме земале и од друга страна крадат, изјави Хусеини. 

Тој упате апел до  надлежните институции да се најдат сторителите на вакви дела и да не се повторат кражбите на стока.