Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Укинување на балансерот, борба со партизацијата – пораки на новиот претседател на МАНУ

Борба со партизацијата на институциите и укинување на балансерот. Ова се дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Борба со партизацијата на институциите и укинување на балансерот. Ова се дел од главните пораки кои првиот човек на МАНУ Живко Попов ги посочи во своето прво експозе во Македонската академија на науките.

Академците исто така предупредија на проблемот со партизацијата на институциите, непочитувањето на уставните одредби и законите и тешките предизвици што ја очекуваат земјата при отворањето на поглавјата за членство во ЕУ. Акцент ставија на обидите за злоупотреба на таканаречениот балансер кој треба час поскоро да се укине.

„Слободно можеме да констатираме дека во нашето општество е присутна генерална партизација на институциите, посебно видлива во јавната администрација, во агенциите, во регулаторните тела, кои треба да бидат независни и слично, што доведва до негирање на критериумите за квалитет, при што се вработуваат кадри по партиска, етничка, роднинска, пријателска и друга непринципиелна основа“, рече новиот претседател на МАНУ, Живко Попов.

Реклама

Евроскептицизмот кој се јавува во последно време е резултат на пречките кои ЕУ неправедно ни ги постави на нашиот европски пат. Кои најмногу се однесуваат на меѓнародно превземените обврски во врска со договорите од Преспа и оној за добрососедство со соседна Бугарија.

„Обидите за злоупотреба на таканаречениот балансер, како законска обрска, според која се распишуваат конкурси само со наведен етнкум и настојувањето тој да се применува за вработување и унапредување на кадрите и во научни и независни институции, при што се испушта критериумот за квалитет и комптетентност, за МАНУ е неприфатлива и надвор од законската регулатива. Партизацијата на општеството доведе до нефункционален правосуден систем и селективна правда“, смета Попов.

Попов ја спомена и прекумерната употреба на европското знаменце при донесувањето на законите со што се избегнува суштинска јавна дебата во Собранието и надвор од него, како и непочитувањето на мислењата на Венецијанската комисија.

За договорите со Грција и Бугарија, Попов рече дека поминале без прав референдум, иако по значење претставувале референдумски прашања.

Тој ги повтори и поблемите со кои оваа институција се соочува веќе долго време, малкуте пари и недостигот на кадар, Но и покрај сериозните предизвици, академиците во наредниот период ветија дека сите ќе се залагаат за поинтезивно научно и уметничко творештво.

Инаку во научни и стручни списанија членовите на МАНУ објавиле вкупно 183 трудови од кои 87 во странски списанија или зборници. Во списанија со фактор на влијание се објавени 52 труда од кои само од ИЦГЕБ се објавени 15 научни трудови.

Љубиша Владимиров