Од 10.45 часот укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.
ЈП „Македонијапат“ информира дека нивни екипи со цела механизација и работна сила се на терен и вршат континуирано чистење на државните патишта.
Се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и приспособена брзина во согласност со условите на патните правци.
