Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Прилози

УКИМ доделува над 290 целосни и 720 делумни стипендии за бруцоши

Со цел унапредување на образованието на младите во земјава најголемиот државен универзитет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со цел унапредување на образованието на младите во земјава најголемиот државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“ годинава доделува над 290 целосни стипендии за бруцошите. На овој начин ќе се мотивираат идните студенти да бидат посветени на студиите и да се олеснат финансиските трошоци за образование.  

„Универзитетот Кирил и Методиј традиционално обезбедува стипендии за своите студенти. Ќе ги спомнам прво стипендиите кои што ги обезбедува од сопствени извори, тоа се 240 стипендии за десетте најдобри студенти на секој од нашите факултети кои ги обезбедуваме секоја година. Понатаму доделуваме околу 40 и 100 стипендии во последните неколку години од нашата Фондација Атанас Близнаков која се наоѓа во САД. Висината на стипендиите во Атанас Близнаков се 2500 долари годишно, значи по 250 долари месечно, во денарска противредност, а се исплаќаат 10 месеци во текот на годината. Посебно сакам да истакнам дека УКИМ се грижи за своите студенти и секоја година, веќе петта година по ред, се грижи за студентите од еднородителски семејства, така што обезбедуваме стипендија за по еден студент од секоја студиска програма за секој факултет, секоја година да биде ослободен, односно да плаќа половина од уписната која што треба да ја плати за студирање и на тој начин обезбедуваме стипендии и финансирање на 720 студенти“, изјави Билјана Ангелова ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Од оваа година универзитетот нуди и нови студентски програми, како што е програмата за дигитално земјоделие како интердисциплинарна студиска програма, која што ја спроведува земјоделскиот факултет, во соработка со факултетот за компјутерско инженерство, како и неколку програми на англиски јазик, кои што ќе привлечат повеќе странски студенти.

Реклама

„До денешниот ден пријавени на сајтот на ангол системот каде што се пријавуваат електронски студентите кои што ќе се запиштат на нашиот Универзитет, пријавени се околу 4000 студенти, најголем притисок, најголем број пријавувања имаме практично во следните неколку дена пред затворањето на уписите“, вели Анѓелова.

На 23-те факултети во составот на УКИМ годинава слободни се 9921 места за нови студенти, од кои 4761 за редовни студенти во државната квота, 4210 за редовни студенти кои ќе ги кофинансираат студиите и 950 места за вонредни студенти.

Љубиша Владимиров