Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

УЈП го презентираше системот е-Фактура пред банкарскиот сектор

Во соработка со Македонската банкарска асоцијација (МБА), Управата за јавни приходи одржа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во соработка со Македонската банкарска асоцијација (МБА), Управата за јавни приходи одржа работилница посветена на проектот е-Фактура, на која присуствуваа околу 50 претставници од банкарскиот сектор.

Работилницата претставува уште еден чекор во заедничките напори за дигитализација на процесите поврзани со фактурирањето и јакнење на соработката меѓу институциите и деловниот сектор.

Како значаен чинител во дигиталните и безготовинските плаќања, банкарскиот сектор е активен партнер на УЈП во процесот на воведување и унапредување на современите дигитални решенија, меѓу кои и системот е-Фактура.

Реклама

На работилницата беше презентиран системот е-Фактура, неговите функционалности и можности, а учесниците имаа можност и практично да се запознаат со начинот на неговото користење, вклучително и со процесот на креирање електронска фактура.

Вклучувањето на банкарскиот сектор во овој процес е од особено значење, имајќи ја предвид неговата клучна улога во реализацијата на електронските и безготовинските плаќања.

Навременото запознавање со новите дигитални процеси и функционалности што ги носи системот е-Фактура создава основа за нивна полесна и поефикасна примена во практиката.

Оваа работилница е дел од континуираните активности на УЈП за навремено информирање, вклучување и соработка со сите релевантни засегнати страни во процесот на воведување на е-Фактура.

Во изминатиот период беа реализирани бројни работилници и средби со различни категории корисници, меѓу кои шпедитери, општини, јавни претпријатија и компании. УЈП изразува благодарност до МБА за иницијативата, интересот и конструктивната соработка, како и за активното учество на банкарскиот сектор во процесот на дигитална трансформација.

Во наредниот период УЈП продолжува со активности за информирање, практична поддршка и тестирање на системот е-Фактура, во соработка со сите релевантни засегнати страни, со цел создавање поефикасен, поврзан и целосно дигитализиран процес на фактурирање.