Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Македонија

Учениците не се чувствуваат безбедни – Пет осомничени во ефективен притвор, испратено барањето за екстрадиција на Палевски

Трагедијата која и се случи на Македонија треба да служи како сурова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трагедијата која и се случи на Македонија треба да служи како сурова лекција за поголема претпазливост, емпатија и сплотеност. Сојузот на средношколци алармира дека учениците од сите возрасти чувствуваат дека е загрозена нивната безбедност. Сојузот испраќа и апел и училиштата да внимаваат на менталното здравје  на младите кои се погодени од свирепото убиство на Вања.

  • „Покрај информационата криза, согледавме дека не само младите, туку мнозинството граѓани се во бунило како да го искажат својот гнев и ефикасно да дејствуваат во пракса. Евидентно е дека има силен револт и дека тој е широко присутен, но сѐ уште на видик нема позитивна промена во реалноста како одговор. Веруваме дека ова се должи на ниското ниво на запознаеност со демократскиот систем, процеси и движења“ велат од Сојузот на средношколци.

Не само младите, за зачувување на менталното здравје и колективната траума и страв кој владее кај целото македонско општество бројни пораки испратија психолози и педагози.

Во меѓувреме, продолжува истрагата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, но и за 74-годишниот велешанец Панче Жежовски. Пет осомничени се во ефективен притвор, а на слобода останува само адвокатот Васко Стојков на првоосомничениот Палевски, кој го возел до Белград. За него, обвинителството оцени дека во овој момент не постојат законски основи за притвор или други мерки на обезбедување, но истражните дејствија продолжуваат.

Реклама

Притворот му е продолжен на вториот возач кој Палевски го пренесувал од Белград до Турцијам Стефан Димовски. Обвинителството за него отвори истрага под сомнение за „помагање на сторител по извршено кривично дело“.

Димковски, според МВР, тој со џип „Ленд ровер“ го зел Палчо од Белград, па заедно, преку Бугарија, влегле во Турција, каде Палевски бил стациониран, а Димковски тргнал назад кон Македонија. Бил уапсен на преминот Стар Дојран. Додека беше спроведуван во кривичниот суд, на новинарските прашања кусо одговори дека го возел Палчо до болница.

  • Дали чуствувате вина? – „Не“. Дали би го возеле пак Палчо? – „Јас веќе го возев“. Каде? – „На болница“ одговори кратко Димковски на новинарските прашања.

Претходно, на барање на обвинителството, Судот ги задржа во 30-дневен притвор таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. Откако ќе биде екстрадиран, и Љупчо Палевски-Палчо оди зад решетки, бидејќи судот веќе го прифати барањето за 30-дневен притвор кога ќе стапне на македонска територија.