Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Ученици од земјата ќе учествуваат на Олимпијада за роботски спортови на грчкиот остров Крит

Осум ученици од Академијата СТЕМ, поделени во три тима, заедно со нивните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осум ученици од Академијата СТЕМ, поделени во три тима, заедно со нивните двајца ментори, ќе учествуваат на Олимпијадата за роботски спортови – Minoan Robotsports Competition Global Olympiad, што од 3 до 6 април се одржува на грчкиот остров Крит.

Македонија и оваа година има силно претставување на една од најпрестижните светски олимпијади за роботски спортови, учениците ќе се натпреваруваат во најсложените дисциплини на ова глобално натпреварување, на кое ќе земат учество речиси 1.500 тима од над 40 држави од целиот свет.

Учениците Павел Попоски, Анастасија Дудеска, Јаков Петков, Андреј Спасевски, Стефан Пешов, Матеа Андонова, Глигор Дединец и Петар Копачев се поделени во три тима: SPACE WALKERS (на возраст од 13 до 18 години), SPACE WALKERS JR (од 13 до 18 години) и SPACE WALKERS ALFA (на возраст до 12 години) и ќе настапат во најтешката дисциплина – Pentathlon Arena.

Реклама

Станува збор за најпредизвикувачката дисциплина на Олимпијадата, каде што роботите се самостојно дизајнирани, самостојно изградени и самостојно програмирани од самите ученици.

Во оваа дисциплина роботите мора целосно автономно, без никаква интервенција од тимовите, во рок од четири минути да извршат серија комплексни задачи со висока прецизност и сигурност.

Дополнително, тимовите SPACE WALKERS и SPACE WALKERS JR ќе настапат и во категориите транспорт на товар со самостојно изграден и програмиран хуманоиден робот, како и прецизно наведување дронови, што претставува уште едно ниво на техничка сложеност и инженерска подготовка.

Ментори на тимовите се Александра Митревска и Жарко Поп-Илиев. Од истата Олимпијада во 2024 и 2025 година тимовите на Академијата СТЕМ се вратија со извонредни резултати. Лани ги освоија првото, второто и третото место во категоријата петобој арена, а пред две години се пласираа на првото и на второто место.

Од СТЕМ велат дека овие резултати ја позиционираат Македонија меѓу најуспешните земји во дисциплината Pentathlon Arena и потврдуваат дека нивните млади учесници се дел од светската елита во роботиката.