Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Прилози

🎥Ученички маки со јавниот превоз

Вистинско чудо е ако учениците кои користат автобус, успеат да стигнат пред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вистинско чудо е ако учениците кои користат автобус, успеат да стигнат пред да заѕвони во 7 и 30 за почеток на првиот училишен час.  

Автобусите во Скопје доцнат,а  кога ќе се влезе внатре нема место ниту игла да се фрли. Некои возат и со отворени врати зашто се преполни со патници, па е доведена во прашање и безбедноста на луѓето кои се превезуваат. На самиот почеток на школската година учениците веќе имаат неоправдани за доцнење, зошто ако не успеат да влезат во преполнетиот автобус, мора да чекаат и повеќе од половина час за следниот.

„Има гужви, обично не се качувам во првиот автобус што ќе стигне. Секој ден доцнам поради метежот. Исто така многу каснат.“- изјавија учениците.

Реклама

И не се само средношколците. Со септември повторно излегоа старите проблеми на ЈСП.  Речиси сите граѓани се жалат дека доцнат на работа. Раскажуваат дека преполните автобуси не застануваат на постојќите, а некои и воопшто не доаѓаат.

„Има и гужви и се случува и да не дојдат автобусите. Кога нема редовен превоз секаде се доцни. Карти бараат а никаква услуга нема.“- изјавија граѓаните.

Загрозено е функционирањето  и на работниците и на учениците. Според Меџит Идризи од Синдикатот за приватниот административен и јавниот сектор на Скопје, нема довлно автобуси, ниту пак возачи, и тие се уште возат според летниот распоред. Освен малиот број на автобуси, кои често поради дефект среде возење, мора да се исклучат од сообраќај, проблем е и горивото, кое го нема доволно за сите возила. За наводите на синдикатот, се обративме кај директорот на ЈСП Скопје – Драги Кушовски но не остави без одговор. Неефикасното работење на претпријатието е директна одговорност на градската власт, а градоначалничката која е на залезот од мандатот, очигледно нема намера да преземе нешто.  Во месеците што следат проблемот очигледно ќе остане, а промените и барањето решенијата ќе се префлат на грбот на новиот градоначалник на град Скопје.