Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Прилози

Учебници ќе има освен за странски јазик – почна испораката до училиштата

Започна испораката на учебниците. Министерката за образование Весна Јаневска, со порака до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна испораката на учебниците. Министерката за образование Весна Јаневска, со порака до директорите на училиштата да бидат подготвени и да го организираат приемот на книгите. Освен учебниците за странски јазици, по сите други предмети учебници ќе има на почетокот на учебната година.

„Сите учебници кои оваа влада ги вети, оваа година ќе стигнат до почетокот на школската година. Веќе објавивме дека е почната дистрибуцијата, сѐ уште имаме учебници во печат, но според договорот, и тие до 1 септември би требало да бидат во училиштата. Јас длабоко се надевам дека тоа ќе биде испочитувано од дистрибутерите. Повторувам дека ќе нема учебници по странски јазици, не по вина на оваа Влада, туку по вина на претходната Влада, затоа што тендерот е поништен и сѐ уште е во жалбена постапка и ништо што би било во склоп на закон не би можело да се преземе надвор од тоа, да ја чекаме да заврши таа процедура. Другото, се надевам ќе биде сѐ во ред“, рече министерката за образование Весна Јаневска.

Ќе има учебници историја и општество за петто и шесто, и историја и географија за седмо одделение.

Реклама

„Нив ги видов како урнек и навистина се убави учебници“, додаде Јаневска.

Министерството за образование неодамна го запре конкурсот за издавање учебници во деветгодишното основно образование, кој беше објавен во април годинава. Во меѓувреме, започна јавна консултација со Бирото за развој  за наставните програми за 7,8 и 9 одделение со цел оние кои се веќе изработени да се унапредат, а новите кои треба да се подготват, да ги содржат сугестиите на наставниците практичари, чие мислење се смета дека е најважно во процесот на обликување на воспитно-образовниот систем.

Од 1 септември 124 основни и средни училишта можат да почнат со настава во една смена. Со дел од училиштата сѐ уште се разговара, а дел веќе самостојно одлучиле од септември да почнат со едносменска настава.

Љубиша Владимиров