Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

Учебници конечна добија, ама сега учениците од Скопје ќе останат без превоз

Десет дена пред учебната година голема е веројатноста дека учениците нема да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Десет дена пред учебната година голема е веројатноста дека учениците нема да имаат редовни автобуси за да стигнат на училиште.  Возниот ред достапен на веб страната по кој до сега се водеа не е точен, автобусите доцнат, а и оние што возат се преполнуваат и имаат проблем со климатизерите внатре. Решение до овој момент нема.

На ЈСП во моментов му недостигаат 40-на возила за да се запази летниот ред на возење, тоа значи дека од септември проблемот најмалку трикратно ќе се зголеми. Според проценката, од септември па зимскиот возен ред, ќе се потребни многу повеќе од 190 до 200 автобуси.

Како ќе функционира градскиот превоз и како ќе стигаат граѓаните на работа и дома,  учениците на училиште никој не дава одговор. Приватните превозници со месеци возат кога сакаат, во знак на протест што ЈСП и Град Скопје не им ги исплатиле парите за услугата што ја вршат, а за десетина дена повеќе од јасно е дека не може да се најде никакво решение.

Реклама

Засега градоначалникчата на Скопје Данела Арсовска не кажа како планира да го реши проблемот, туку само рече дека во наредниот период главниот град ќе остане без функционален јавен превоз. Аросвска, меѓу другото е и против укинување на слободниот автобуски превоз за студентите.

Од ветувањето „бесплатен јавен превоз“, кој во Европа го има само во богатиот Луксембург, Скопје доби електрични тротинети и со месеци блокирани клучни крстосници од приватните превозници, на кои одбиваше да им плати за нивната работа, а со тоа, компаниите ги доведе пред банкрот. Додека пак сликата од јавниот превоз е автобуси кои доцнат или воопшто не се појавуваат, а оние кои ги има, се толку преполни, што не може ниту да се влезе.

Љубиша Владимиров