Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Учебната година почна, хаосот со автобусите остана

Учебната година почна, но хаосот со јавниот сообраќен превоз остана нерешен. Иако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Учебната година почна, но хаосот со јавниот сообраќен превоз остана нерешен. Иако приватните превозници се вратија да возат, откако им беше исплатен дел од долгот на ЈСП, сепак средношколците тешко успеваат да стигнат навреме на час.

Велат автобуси нема, а оние кои ќе се појават на постојките ги чекаат со часови. Попладнево сликата што ја сними камерата на Алфа не беше ништо поразлична од онаа пред почетокот на учебната година.

Дел од граѓаните велат дека ситуацијата малку се подобрила и дека сега не чекаат толку долго како претходно и дека автобуси има.

Реклама

И додека Скопјани со месеци се мачат како да стигнат до посакуваната дестинација, оти автобусите доцнат, речиси редовно се преполни и често се расипуваат, градоначалничката Арсовска никако да најде решение за хаосот.

Таа се изема од оддговорност, а вината ја побара во Советот. Проблемот со приватниците се провлекуваше со месеци, а вчера ЈСП волшебно најде пари и им исплати 80 отсто од долгот, по што тие од вчера попладнето пак почнаа да возат.  

Инаку на ЈСП му недостигаат автобуси за да биде покриен зимскиот возен ред, кој почна во неделата, но засега нема никаква информација до каде е поправката на 40 автобуси за кои директорот на претпријатието се заложи дека ќе ги сервисира.

Љубиша Владимиров