Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Прилози

Убиство во Росоман – син си ја заклал сопствената мајка, кривична пријава против него поднесе СВР Велес

 27-годишен маж сам се пријавил во полиција, откако во семејниот дом со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 27-годишен маж сам се пријавил во полиција, откако во семејниот дом со нож ѝ нанел смртоносни повреди на својата 54-годишна мајка.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил околу 07:30 часот, кога И.Р. со употреба на остар предмет ѝ нанел убодни рани во пределот на вратот. Жената починала на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Кавадарци.

„Тој сам пријавил дека утрово околу 7 часот и 30 минути во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54 годишна мајка.“- изјави портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

Реклама

Осомничениот веднаш бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци, откако самиот се пријавил во СВР Велес. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител од кавадаречкото обвинителство и екипа од полицијата. Од Обвинителството информираат дека увидот е завршен, издадена е наредба за обдукција и се преземаат дополнителни дејствија за расчистување на случајот.

Во разговор со жители на Росоман, неофицијално се дознава дека осомничениот најчесто бил повлечен и не комуницирал многу со околината. Велат дека не правел проблеми со соседите, но не знаат што се случувало зад затворени врати. Дел од нив се сомневаат дека имал психички проблеми.

„Од малечок го познавам, заедно со моите внучиња учеа во училиште. Изненадени сме. Не се ни тепаше, вака не ни излегуваше многу, не сме го виделе, а што е проблемот што се случило не знам.“- велат граѓаните.

Овој случај, сепак, има и претходна историја. На 14 август 2023 година, во СВР Велес било пријавено дека И.Р., кој бил лице со здравствени проблеми, во семејниот дом физички ги нападнал својот татко и мајка, оштетувал предмети и се однесувал агресивно. По интервенција на полицијата, бил пренесен во Општата болница во Кавадарци, а наредниот ден, по барање на здравствената установа, бил спроведен во Психијатриската болница Негорци. Подоцна, таткото ја повлекол пријавата.

Три години подоцна, случајот завршува со трагедија. Институциите најавуваат дека деновиве ќе има повеќе информации за натамошниот тек на постапката.