Реклама
Македонија

Уапсен поранешниот принц Ендру поради поврзанот со Џефри Епстин

На својот 66-ти роденден уапсен поранешниот принц Ендру, брат на кралот Чарлс…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На својот 66-ти роденден уапсен поранешниот принц Ендру, брат на кралот Чарлс 3-ти. Ендру Маунтбетен- Виндзор е уапсен под сомнение за злоупотреба на јавната должност. Од полицијата на Темс Вели официјално не соопштуваат, дека се работи за поранешниот принц, кој од своите кралски титули се откажа во октомври оваа година. Од таму само официјално сооштуваат дека се работи за маж во своите 60-ти години.

Иако детали за истрагата нема, според британските медиуми се работи за наводно споделување доверливи документи со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин.

Наводите се поврзуваат со периодот кога Ендру служел како специјален трговски претставник на Обединетото Кралство 2001-ва до 2011-та. Се истражува дали во таа улога биле споделени чувствителни материјали или информации со Епстин – нешто што би можело да претставува злоупотреба на службената позиција.

Реклама

-Како дел од истрагата, денеска на 19-ти февруари уапсивме маж во шеесеттите години од Норфолк, под сомнение за несоодветно однесување при вршење јавна функција и вршиме претреси на адреси во Беркшир и Норфолк. Мажот во моментов останува во полициски притвор. Нема да го именуваме уапсениот, според националните упатства. Ве молиме, имајте предвид дека овој случај сега е активен, па затоа треба да се внимава со секое објавување за да се избегне непочитување на судот, порачаа од полицијата на Темс Вели.

По апсењето на својот брат се огласи и Кралот Чарлс Трети. Преку соопштение вели дека ја примил веста со најдлабока загриженост. Тој порачува дека истрагата мора да се води правилно и дека законот мора да важи за сите, но не би можел да коментира повеќе додека трае целиот процес.

-Со најдлабока загриженост ја примив веста за Ендру Маунтбатен- Виндзор и сомневањето за злоупотреба на јавна функција. Она што сега следи е целосен, фер и правилен процес со кој ова прашање се истражува на соодветен начин и од страна на надлежните органи. Во ова, како што реков претходно, тие ја имаат нашата целосна и сесрдна поддршка и соработка. Дозволете ми јасно да кажам: законот мора да си го направи своето Додека овој процес продолжува, не би било во ред да коментирам понатаму за ова прашање. Во меѓувреме, моето семејство и јас ќе продолжиме да ја извршуваме нашата должност и служба за сите вас, стои во пораката на Чарлс Трети.

Инаку, името на Ендру долги години е поврзано со Џефри Епстин, финансискиот магнат кој во 2019-та година почина во затвор во Њујорк, чекајќи судење за трговија со малолетнички за секскуална експлотација.

Силна реакција во јавноста предизвикаа, фотографии од 2010 та година на кои поранешниот принц шета со Епстин во Централ парк, како и снимки од негов престој во куќата на Епстин во Њујорк. Контроверзното интервју што Ендру го даде за BBC во 2019 година во кое негираше било каква вмешаност во недолично однесување – наместо да ја смири кризата, тогаш предизвика уште посилна реакција.

Во интервјуто тој тврдеше дека не се сеќава на средбата со Вирџинија Џуфре, една од жените што го обвини за сексуална злоупотреба, како обид да ја оспори нејзината верзија на настаните. Во 2022 година, тој постигна вонсудска спогодба со Џуфре во САД, без признавање вина.

Како последица на скандалот, во јануари 2022 година Бакингемската палата соопшти дека Ендру ги губи своите воени титули и кралски покровителства. Иако формално остана член на кралското семејство и ја задржа титулата „Војвода од Јорк“, повеќе не можеше да ги користи титулите во јавен и службен контекст.

Одлуката беше донесена со одобрување на тогашната кралица Елизабета Втора, што претставуваше преседан во модерната историја на монархијата еден од највисоките членови на кралското семејство фактички да биде оттурнат од јавниот живот.

Матеја Петровски